Граѓаните за промена #16

ЈАНУАРИ - МАРТ 2024

Добредојдовте во новиот број на магазинот на Цивика мобилитас, „Граѓаните за промена“, гласник на програма за поддршка на граѓанското општество поддржана од владата на Швајцарија, но и гласник на целото граѓанско општество.

По пауза од речиси една година им се враќаме на темите и иницијативите кои го обликуваат нашето општество. Овој број е исполнет со инспиративни приказни за граѓанскиот ангажман и граѓанското учество посветени на еколошките предизвици, правата на жените, образованието и многу повеќе.

Во време на растечка еколошка криза, Македонија се соочува со сериозни предизвици како загадување на воздухот, неадекватно управување со отпадот и климатски промени. Во овој број, ќе прочитате за конференцијата организирана од Институтот за комуникациски студии, каде што експерти и активисти дискутираа за важноста на ефективната комуникација за животната средина и улогата на граѓаните во зачувувањето на природата. Покрај тоа, простор отстапуваме и за Декларација за активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени што ја потпишаа градоначалниците на општините од земјава.

Традиционалниот Осмомартовски марш оваа година се одвиваше под мотото „Правата на жените не се за преговарање“. Активистките повикаа на акција за унапредување на здравствените, образовните и економските права на жените. Тие ги истакнаа осумте црвени линии кои ги опишуваат бараните промени, вклучувајќи еднаква плата за еднаква работа и систематско решение за пристап до платено породилно отсуство за жените земјоделки.

За потребата високото образование да биде интегрирано во економските текови на државата се зборуваше за време на тематскиот форум „Густа плетка: за потребата од вмрежување на образованието, науката и економија базирана на иновации“. Експерти и претставници од академскиот и бизнис секторот дискутираа за потребата од вмрежување на образованието, науката и економијата базирана на иновации.

Овој број се осврнува и на иницијативата за вмрежување на организациите даватели на социјални услуги, работилниците за средношколци за врсничко насилство, акцијата за набљудување на избирачките места и нивната пристапност за лицата со попреченост итн.

Веруваме дека овозможивме разнолични содржини што ги задоволуваат интересите на нашите читатели. Тие ги рефлектираат напорите на граѓанските организации за подобрување на нашето општество и покажуваат дека промените се можни.

И вие можете да придонесете во следните изданија на „Граѓаните за промена“. Пишете ни и испратете ни информација за вашите активности и постигнувања, интересни приказни за вашите корисници или иницијативи кои сте ги започнале. Да ги споделиме информациите затоа што тие вредат тогаш кога ќе стигнат таму каде што е потребно. Пријатно читање!

Продолжи со читање

  • Граѓаните за промена #21

    АПРИЛ-ЈУНИ 2025 Новиот број на Граѓаните за промена #21 магазинот е посветен на овоможувачката околина. Граѓанските организации и нивниот придонес во програмите на кандидатите на локалните избори „Ни треба институционална култура за слушање на гласот на сите граѓани и сите ранливи групи“ – рече еден од граѓанските активисти, учесници на…

  • Граѓаните за промена #20

    ЈАНУАРИ-МАРТ 2025 Во овој број посветен на граѓанското учество, ги носиме приказните на оние кои не се помируваат со статус кво. Од Битола до Скопје, низ конференции, обуки, маршеви и локални анализи, граѓанскиот сектор ја води својата и битката на оние кои ги застапува за поинклузивно, одговорно и одржливо општество….

  • Граѓаните за промена #19

    ОКТОМВРИ-ДЕКЕМВРИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена #19, со фокус на Граѓански ангажман. „Убеден сум дека во дијалог со невладините организации ќе можеме да градиме подобри политики, ќе можеме да носиме поквалитетни одлуки за одредени сфери од општеството“. Ова беше една од пораките на премиерот Мицковски испратена…

  • Граѓаните за промена #18

    ЈУЛИ – АВГУСТ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена, со фокус на овозможувачката околина. „Нема напредок во сеопфатната реформа на рамката за државно финансирање на граѓанските организации“–ова е старо-новата констатација на Извештајот за овозможувачка околина за 2023 година што беше објавен минатиот месец. Се разбира, ова не…

  • Граѓаните за промена #17

    АПРИЛ – ЈУНИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена. Првата порака за животната средина на која се сеќавам, ми се обраќаше од еден календар од „Наш Свет“, интересно, информативно и едукативно четиво за основци. На секоја страна имаше фотографии од различни птици, а пораката беше „Спасете не,…

  • Граѓаните за промена #15

    ОКТОМВРИ – ДЕКЕМВРИ 2022 Ова е последниот број на списанието „Граѓаните за промена“, гласникот на Цивика мобилитас, но и гласник на целото граѓанско општество. Да бидеме поспецифични, ова е последен број од оваа фаза на Цивика мобилитас и во овој формат во кој ги презентиравме активностите и постигнувањата на граѓанските…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор