Граѓаните за промена #13

АПРИЛ - ЈУНИ 2022   

Граѓанското учество е еден од термините кој се почесто се експлоатира во последно време, а се однесува на вклучувањето на граѓаните во носењето на одлуки. Не е важно дали во тој процес граѓаните учествуваат како индивидуи или како организирани групи или заедници, важно е тој процес да биде отворен за нивниот придонес. Граѓанските организации се меѓу најсилните поддржувачи на концептот на граѓанско учество. Тоа е во линија на нивните основни заложби, да се вклучат неактивните граѓани во активностите на властите без разлика дали тоа се прави на национално или на локално ниво.

Во овој број на „Граѓаните за промена“ го свртуваме вниманието на неколку такви опсервации. Центарот за управување со знаење ги истражуваше дигиталните вештини на државната и јавната администрација; Организацијата за домување и станари ја анализираше ситуацијата со домувањето на младите, а актуелни теми истражуваше и Институтот за човекови права – дискриминација, булинг и говор на омраза кај средношколците и наставниците. Ова е само дел од содржините кои ги подготвивме за вас.

Сум имала можност повеќе пати да бидам дел од еден отворен процес за општински консултации со граѓаните, благодарение на Форумите во заедниците што во Македонија ги воведе Швајцарската агенција за развој и соработка. Ваквиот организиран пристап на голем број граѓани им покажа дека тие можат да бидат важни чинители во носењето одлуки на локално ниво. Им стави до знаење дека можат да имаат моќ да влијаат на решавањето на нивните проблеми, им покажа дека ако се активни и ако работат заедно, можат да ги убедат општинските власти во она за што тие се залагаат.

Овој концепт, граѓанското учество, реферира на моќта на граѓаните. Но, вреден дел на граѓанското учество исто така се и опсервациите, без разлика дали се на граѓаните како индивидуи или на граѓанските организации. Што покажуваат тие? Покажуваат дали работите се одвиваат како што е планирано; дали планираните активности ги решаваат проблемите или треба да се направи измена; дали има поефикасни начини за решавање на проблемите, дома или во некоја друга земја; дали…

Граѓанските организации често прават вакви опсервации, ги викаат истражувања, анализи, студии, компаративни студии. Основата за нив се многу податоци собирани систематски со различни методи. Ваквите опсервации им ги ставаат на увид на граѓаните и на властите за да им предочат какви се состојбите, каде може да се подобруваат, кој е одговорен за тоа итн. Секако, останува отворено прашањето дали властите ги земаат предвид овие опсервации и дали ги користат во нивната работа, особено во процесите на планирање. Вистинска штета е да не се употребат информациите од кои сите можат да имаат полза.

Што се придобивките од граѓанското учество за поединците, заедниците, организациите и општеството? Сите учиме низ тој процес, добиваме повеќе знаење, стекнуваме авторитет, моќ и способност за решавање проблеми. Како граѓани, комуницираме, развиваме односи и капацитет за дејствување и зачувување или менување на условите. Граѓанското учество е важен показател на демократскиот развој на една земја, дали ќе го развиваме и практикуваме во голема мерка зависи од нас.

Пријатно читање!

Продолжи со читање

  • Граѓаните за промена #21

    АПРИЛ-ЈУНИ 2025 Новиот број на Граѓаните за промена #21 магазинот е посветен на овоможувачката околина. Граѓанските организации и нивниот придонес во програмите на кандидатите на локалните избори „Ни треба институционална култура за слушање на гласот на сите граѓани и сите ранливи групи“ – рече еден од граѓанските активисти, учесници на…

  • Граѓаните за промена #20

    ЈАНУАРИ-МАРТ 2025 Во овој број посветен на граѓанското учество, ги носиме приказните на оние кои не се помируваат со статус кво. Од Битола до Скопје, низ конференции, обуки, маршеви и локални анализи, граѓанскиот сектор ја води својата и битката на оние кои ги застапува за поинклузивно, одговорно и одржливо општество….

  • Граѓаните за промена #19

    ОКТОМВРИ-ДЕКЕМВРИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена #19, со фокус на Граѓански ангажман. „Убеден сум дека во дијалог со невладините организации ќе можеме да градиме подобри политики, ќе можеме да носиме поквалитетни одлуки за одредени сфери од општеството“. Ова беше една од пораките на премиерот Мицковски испратена…

  • Граѓаните за промена #18

    ЈУЛИ – АВГУСТ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена, со фокус на овозможувачката околина. „Нема напредок во сеопфатната реформа на рамката за државно финансирање на граѓанските организации“–ова е старо-новата констатација на Извештајот за овозможувачка околина за 2023 година што беше објавен минатиот месец. Се разбира, ова не…

  • Граѓаните за промена #17

    АПРИЛ – ЈУНИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена. Првата порака за животната средина на која се сеќавам, ми се обраќаше од еден календар од „Наш Свет“, интересно, информативно и едукативно четиво за основци. На секоја страна имаше фотографии од различни птици, а пораката беше „Спасете не,…

  • Граѓаните за промена #16

    ЈАНУАРИ – МАРТ 2024 Добредојдовте во новиот број на магазинот на Цивика мобилитас, „Граѓаните за промена“, гласник на програма за поддршка на граѓанското општество поддржана од владата на Швајцарија, но и гласник на целото граѓанско општество. По пауза од речиси една година им се враќаме на темите и иницијативите кои…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор