Граѓаните за промена #10

ЈУЛИ-СЕПТЕМВРИ 2021

Африканската поговорка „Ако сакате да одите брзо, одете сами. Ако сакате да одите далеку, одете заедно“ мене ми е вистинска илустрација за „соработка“. Веројатно затоа што повеќе го преферирам вториот дел од поговорката, „одењето заедно“. Во основа на нашето работење, на тоа што го прават граѓанските организации е соработката. Логиката е дека луѓето решаваат да се здружат затоа што веруваат дека заедно можат да направат повеќе, или како што вика поговорката, да стигнат подалеку.

Носечката тема на ова издание на Граѓаните за промена е соработката. Низ текстовите ви ги пренесуваме примерите на соработка на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Националниот совет на инвалидски организации (НСИОМ), на Легис и Прифатниот центар за баратели на азил за развивање менторска програма за подобрување на можностите за вработување на барателите на азил, на Фондацијата Метаморфозис и осум организации со кои го подготвија индексот на отвореност.

Некој ќе рече, „денес сé е од интерес“! При тоа, на зборот „интерес“ сетики му се дава некое погрдно значење. Не знам зошто, како да е грев да имаме интереси. Па и граѓаните се здружуваат за да остварат некој свој интерес: да им се поправи улицата, да ја заштитат шумата, да го зачуваат паркот, да добијат почист воздух, да им се заштитат правата, да им се подобри пристапот до услуги…

Ме потсети на поговорката неодамна Звонко Шаврески, претседателот на Полио плус кога го потпиша меморандумот за соработка со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за време на Фестивалот на Цивика мобилитас. Колегите од Полио плус, исто така го преферираат вториот дел од поговорката. Во нивното над 20 годишно работење прво ги воспоставија нишките меѓу оние заради кои се здружија, лицата со хендикеп, потоа со организациите со кои препознаа дека можат да соработуваат и потоа со институциите. Со овие последниве, иако понекогаш соработката повеќе личеше на „буткање на рака“, сепак направија значајни исчекори, како што е Интер-партиската парламентарната лоби група за правата на лицата со хендикеп чиј седми состав има рекорден број пратеници (50) од сите политички провениенции. „Уште на почетокот сфативме дека морето од проблеми е преголемо за да може да се преплива до другиот брег. И дека сме премалку, ако сакаме нешто да сториме“, вели Шаврески.

Покрај тоа, зборуваме и за главните придонеси на граѓанското општество во претходните 30 години од независноста на земјата, а во тој дух е и анализата на Фајнанс Тинк на невработеноста, платите и бруто домашниот производ. „Меѓаши“ ги презентираа резултатите од новиот извештај за СОС телефонот за деца и младинци, а „Борка- за секој нов ден“ ја организираше традиционалната розова прошетка чија главна порака беше „Пациентите со рак не смеат да бидат заборавени поради пандемијата“.

Активистите на Регионалниот зелен центар од Охрид мобилизираа 170 млади луѓе во акции за заштита на животната средина, а Организацијата на жени од Лозово ги обучуваше текстилните работнички. Ова е само дел од она што можете да го најдете на страниците по оваа. Се надевам дека тоа што го подготвивме ќе ве инспирира на идни соработки, за заедно да го решаваме морето проблеми и успешно стигнеме на другата страна.

Пријатно читање!

Продолжи со читање

  • Граѓаните за промена #21

    АПРИЛ-ЈУНИ 2025 Новиот број на Граѓаните за промена #21 магазинот е посветен на овоможувачката околина. Граѓанските организации и нивниот придонес во програмите на кандидатите на локалните избори „Ни треба институционална култура за слушање на гласот на сите граѓани и сите ранливи групи“ – рече еден од граѓанските активисти, учесници на…

  • Граѓаните за промена #20

    ЈАНУАРИ-МАРТ 2025 Во овој број посветен на граѓанското учество, ги носиме приказните на оние кои не се помируваат со статус кво. Од Битола до Скопје, низ конференции, обуки, маршеви и локални анализи, граѓанскиот сектор ја води својата и битката на оние кои ги застапува за поинклузивно, одговорно и одржливо општество….

  • Граѓаните за промена #19

    ОКТОМВРИ-ДЕКЕМВРИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена #19, со фокус на Граѓански ангажман. „Убеден сум дека во дијалог со невладините организации ќе можеме да градиме подобри политики, ќе можеме да носиме поквалитетни одлуки за одредени сфери од општеството“. Ова беше една од пораките на премиерот Мицковски испратена…

  • Граѓаните за промена #18

    ЈУЛИ – АВГУСТ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена, со фокус на овозможувачката околина. „Нема напредок во сеопфатната реформа на рамката за државно финансирање на граѓанските организации“–ова е старо-новата констатација на Извештајот за овозможувачка околина за 2023 година што беше објавен минатиот месец. Се разбира, ова не…

  • Граѓаните за промена #17

    АПРИЛ – ЈУНИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена. Првата порака за животната средина на која се сеќавам, ми се обраќаше од еден календар од „Наш Свет“, интересно, информативно и едукативно четиво за основци. На секоја страна имаше фотографии од различни птици, а пораката беше „Спасете не,…

  • Граѓаните за промена #16

    ЈАНУАРИ – МАРТ 2024 Добредојдовте во новиот број на магазинот на Цивика мобилитас, „Граѓаните за промена“, гласник на програма за поддршка на граѓанското општество поддржана од владата на Швајцарија, но и гласник на целото граѓанско општество. По пауза од речиси една година им се враќаме на темите и иницијативите кои…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор