Граѓаните за промена #6

СЕПТЕМВРИ-ОКТОМВРИ  2020 

И овој број на Граѓаните за промена носи голем број текстови за активностите на граѓанските организации. Во обидот да обезбедат поголемо граѓанско учество и да им помогнат на институциите да се соочат со фактите и на основа на нив да ги креираат политиките, организациите истражуваат на различни теми.

Првите есенски месеци донесоа нови преокупации, но онаа најсериозната – Ковид-19, остана и се засили. Светот продолжи да функционира во вонредни околности, да брои нови заразени со коронавирусот, оздравени, ама за жал и негови жртви.

Под притисок на се поголемиот број заболени, функционираа и граѓанските организации. Дел од дома, дел од канцеларија, а дел и на терен. Се што можеше да се премести онлајн, се премести, останатото, во изменети околности, со почитување на сите мерки за заштита, се одвиваше во живо.

Цивика мобилитас во овој период реши, барем на кратко, да се врати на старата пракса на одржување настани во живо. Се разбира, тие беа далеку од тоа на што сите сме навикнати, но сепак мал прекин во онлајн „доживувањата“ кои ни станаа секојдневие. Заради протоколите за заштита на здравјето го немаше вообичаениот џагор на Средбата за вмрежување, моравме да го ограничиме учеството на Националниот форум на само еден претставник од организација, да ја проверуваме телесната температура на сите кои дојдоа, да носиме маски и седиме на 1,5-2 метри растојание. Заради локацијата за одржување на Фестивалот, во Градскиот парк во Скопје, на отворен простор, не го ограничивме бројот на учесници, ама го ограничивме отворениот простор за да можеме да ги направиме потребните проверки и да обезбедиме дека ќе се почитуваа сите мерки на здравствените власти. Не беше исто како порано, ама беше вистинско освежување да се видат колегите и соработниците во живо, да се заинтересираат оние кои решиле тој ден да го поминат во Парк, да се покаже дека можеме да функционираме и во овие изменети услови, дека сме издржливи, флексибилни, подготвени да помогнеме таму каде што е потребно.

На овие страници ќе најдете седум истражувања и анализи презентирани во извештаи или документи за јавни политики. Во фокусот биле повеќе теми како што е функционирањето на онлајн наставата, состојбата со почитувањето на правата на децата, семејното насилство, ризиците за корупција при јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и општините, состојбата на Шар Планина. Покрај тоа, организациите го анализирале прекумерното траење на скратените судски постапки како и Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија. Корона кризата не го спречи граѓанскиот ангажман и соработката на организациите, напротив, во некои ситуации уште повеќе ги засили. Вкупно 14 организации ја организираа хуманитарната акција наречена „Нахрани 10.000, а Црвениот крст на Град Скопје обезбеди 80 пакети со храна и средства за заштита и дезинфекција за бездомниците. Банка за храна и Рурална коалиција ја отворија дискусијата за донирање на вишокот земјоделски производи, а Праведни и професионални, продолжија да ги потсетуваат властите и јавноста на напуштените објекти во државна сопственост.

За да овозможат континуитет во својата работа со децата со попреченост, „Отворете ги прозорците“, во партнерство со УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика ја креираше платформа со која се овозможува индивидуализирана едукација на деца со попреченост. Центарот за попреченост „Пркос“ ја промовираше публикацијата „Еден мој ден“, едно од задолжителните четива за секого.

Следните месеци нема да биде полесно, ама покажавме дека можеме да се прилагодиме и… продолживме понатаму. А кој би бил другиот избор?

Пријатно читање!

Продолжи со читање

  • Граѓаните за промена #21

    АПРИЛ-ЈУНИ 2025 Новиот број на Граѓаните за промена #21 магазинот е посветен на овоможувачката околина. Граѓанските организации и нивниот придонес во програмите на кандидатите на локалните избори „Ни треба институционална култура за слушање на гласот на сите граѓани и сите ранливи групи“ – рече еден од граѓанските активисти, учесници на…

  • Граѓаните за промена #20

    ЈАНУАРИ-МАРТ 2025 Во овој број посветен на граѓанското учество, ги носиме приказните на оние кои не се помируваат со статус кво. Од Битола до Скопје, низ конференции, обуки, маршеви и локални анализи, граѓанскиот сектор ја води својата и битката на оние кои ги застапува за поинклузивно, одговорно и одржливо општество….

  • Граѓаните за промена #19

    ОКТОМВРИ-ДЕКЕМВРИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена #19, со фокус на Граѓански ангажман. „Убеден сум дека во дијалог со невладините организации ќе можеме да градиме подобри политики, ќе можеме да носиме поквалитетни одлуки за одредени сфери од општеството“. Ова беше една од пораките на премиерот Мицковски испратена…

  • Граѓаните за промена #18

    ЈУЛИ – АВГУСТ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена, со фокус на овозможувачката околина. „Нема напредок во сеопфатната реформа на рамката за државно финансирање на граѓанските организации“–ова е старо-новата констатација на Извештајот за овозможувачка околина за 2023 година што беше објавен минатиот месец. Се разбира, ова не…

  • Граѓаните за промена #17

    АПРИЛ – ЈУНИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена. Првата порака за животната средина на која се сеќавам, ми се обраќаше од еден календар од „Наш Свет“, интересно, информативно и едукативно четиво за основци. На секоја страна имаше фотографии од различни птици, а пораката беше „Спасете не,…

  • Граѓаните за промена #16

    ЈАНУАРИ – МАРТ 2024 Добредојдовте во новиот број на магазинот на Цивика мобилитас, „Граѓаните за промена“, гласник на програма за поддршка на граѓанското општество поддржана од владата на Швајцарија, но и гласник на целото граѓанско општество. По пауза од речиси една година им се враќаме на темите и иницијативите кои…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор