x
Мени

Повик за мали акциски грантови ЦМ-МАК-01

Пријави можат да поднесат здруженија и фондации кои се регистрирани во Македонија согласно Законот за здруженија и фондации (2010). Покрај апликантот, во пријавите можат да се вклучат и соработници.

Повикот се состои од Водич за апликантите, Образец за концепт и Образец за пријава. Апликантите првично го поднесуваат само образецот за концепт. Образецот за пријава се пополнува само доколку апликантот добил писмена покана од Цивика мобилитас да поднесе пријава, а по прелиминарниот избор на концептот.

Времетраењето на активностите од овој повик треба да биде најмногу 12 месеци. Големината на побараниот грант треба да биде најмногу 400.000 денари.

Расположливиот вкупен износ за повикот е 20.000.000 денари и ќе се распредели на околу 48 грантови во периодот 2015-2018 година.

Овој Повик за предлози ќе биде отворен до 30 јуни 2017 г. Концептите може да бидат поднесени во кое било време до овој датум. Комисијата за избор на малите грантови ќе носи одлуки на квартално ниво.

Концептите и пријавите се доставуваат по електронски пат на адресата cm-mak-01@civicamobilitas.mk Цивика мобилитас нема да ги прифати концептите и пријавите кои не се поднесени по електронски пат на горенаведената адреса.

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат во кое било време до 30 јуни 2017 г. на: helpdesk@civicamobilitas.mk

Цивика мобилитас ќе обезбеди информации за овој Повик за предлози како дел од регионалните форуми за соработка „Твој простор, твој глас“ и за време на други настани. Датумите и локациите на одржување на регионалните форуми се достапни на: http://civicamobilitas.mk/mk/komponenti/1/regionalni-forumi

Следете ја веб-страницата и страницата на Фејсбук на Цивика мобилитас и информирајте се за евентуални промени или за последните прашања и одговори.

Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).