x
Мени

Регионални форуми за соработка: Твој простор, твој глас

Регионалните форуми на Цивика мобилитас овозможуваат простор за артикулирање идеи, идентификување или дебата за заеднички каузи и планирање заеднички општествени акции од страна на граѓанските организации во соработка со другите организации, граѓаните и останатите чинители.

На форумите се споделуваат искуства за ефективна соработка за општествена промена во соодветниот регион, а прашањата кои ќе се дискутираат се одредуваат во соработка со грантистите на Цивика мобилитас, но и останатите чинители. Овие прашања се актуелни и/или приоритетни потреби и проблеми во регионот, за чие пресретнување, надминување или решавање е потребна соработка меѓу самите организации, но и со граѓаните, локалните власти, претпријатијата, образовните институции и други. Очекувано е учесниците да договорат заеднички заклучоци, кои ќе ги преточат во манифести и/или планови за акција.

Регионалните форуми се отворени за сите граѓански организации и индивидуални активисти во регионот на кој се однесува форумот, а кои се согласуваат со вредностите и целите на Цивика мобилитас и кои се посветени на соработката со другите чинители за постигнување на општествени промени.

Во периодот 10 јуни – 30 октомври 2015 година се одржаа осум (8) форуми за соработка во сите региони во Македонија, на кои учествуваа 125 претставници на граѓански организации и други чинители на граѓанското општество, вклучувајќи ги и граѓаните. Од овие форуми произлегоа осум заеднички манифести, како и две мали акции, „Нова надеж – нови перспективи“ и „Преку интегрирано делување до намалување на миграциите“.

Во 2016 година се планирани четири (4) регионални форуми, кои ќе се одржат во периодот јуни-септември и кои ќе опфатат по два региони. За повеќе информации за датумите, локациите, начинот на учество и програмата ве молиме следете не на оваа веб-страница и на страницата на Цивика мобилитас на Фејсбук.

 

УЧЕСНИЦИ НА РЕГИОНАЛНИ ФОРУМИ

Пелагониски регион, 15.10.2015 г., Битола

  • Здружение за еднакви можности СЕМПЕР Битола
  • Здружение за младински активизам МЛАДИНСКА ВИЗИЈА Битола
  • Здружение Ротаракт Клуб Широк Сокак Битола
  • Планинарско горскоспасително друштво АВА КОТА – 1050 Новаци
  • Здружението КОХА ,,Граѓанска Иднина” Битола
  • Здружение на граѓани за превенција и заштита на заболените од хепатитис,хив и други заразни преносливи вируси ХЕПАР ЦЕНТАР-БИТОЛА Битола
  • Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА Плус Прилеп
  • ГАУС ИНСТИТУТ – Фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаење
  • Младински културен центар – Битола
  • Здружение за развој и активно делување и поттикнување и на граѓанскиот сектор ЗА НАС СЕ РАБОТИ Битола
  • Младински иницијативи за дијалог и соработка – Битола
  • Здружението за напредно современо образование ВОЛВОКС
  • Здружение на граѓани БИОСФЕРА Центар за едукација и заштита на животната средина и природата
  • Македонско-турско здружение – Битола
  • Македонско научно друштво – Битола
  • Граѓанска асоцијација Битола
  • Здружение за негување на традиционалните вредности Аманет – добра мисла Битола
  • Здружение на ромите – Центар за развој на ромската заедница Баирска светлина – Битола

Вардарски регион, 13.10.2015 г., Кавадарци

  • Здружение на земјоделци Агро Фаланга
  • Здружение Организација на жени на општина Свети Николе- Свети Николе (ОЖОСВН Свети Николе)
  • Здружение за заштита и унапредување на животната средина ЕКО-ЖИВОТ Кавадарци (РЕЦ – Регионален Еко Центар)
  • Здужение за алтернативна култура „Алтер Центар“ Кавадарци
  • Фолклорен ансамбл „Тиквеш“ Кавадарци
  • Здружение на Тиквешки Роми – Кавадарци
  • Здружение за негување и развој на винската култура, вински туризам и производи од грозје ВИНОТЕК Кавадарци
  • Дом на Култура „Иван Мазов Климе“, Кавадрци

Источен регион, 23.9.2015 г., Штип

  • Здружение на граѓани НВО „КХАМ“ Делчево
  • Здружение на граѓани МЕДИА ПЛУС
  • Граѓанска иницијатива АМАН – Штип
  • Здружение на земјоделските производители “Агропродукт” – Штип
  • Центар за лековити билки и шумски плодови Амброзија – Пехчево
  • Фондација за развој на локалната заедница – Штип
  • Еколошко друштво СОЛЗА – Пехчево
  • Организација на жени – Штип

Југоисточен регион, 22.9.2015 г., Радовиш

  • Здружение за развој, едукација и еколошка етика – ПОЛИМАТ 13
  • Еколошко друштво Планетум
  • Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија – Женска акција Радовиш
  • Здружение за развој и иновации на библиотеки ИНОВА ЛИБ Радовиш
  • Здружение за советување, лекување, ресоцијализација и реинтеграција на лица со проблем заради злоупотреба на дрога
  • Здружение за култура и развој на креативни индустрии КУЛТ-ТРАНЗЕН

Полошки регион, 22.7.2015 г., Гостивар

  • Фондација за женско претприемништво (Women Enterprise Fund)
  • Здружение на граѓани Женски форум Тетово
  • Институт за развој на заедницата – ИРЗ Тетово
  • Планинарски спортски клуб – БИСТРА Гостивар
  • Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) Гостивар
  • Екопродукт – Тетово
  • Општина Боговиње
  • Општина Маврово и Ростуша

Југозападен регион, 25.6.2015 г., Охрид

  • Здружение за заштита на културното наследство на територијата на општина Дебар ДЕБОРУС Дебар
  • Калуѓерица – Дебар
  • Хуманитарно, добротворно здружение на Ромите ХДЗР – Месечина Дебар
  • Здружение Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар
  • Центар за италијански јазик и култура ВИА ДАНТЕ Охрид
  • Центарот за развој на заедницата во Кичево (ЦРЗ Кичево)
  • Здружение ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ ЕДУКАЦИЈА АКЦИЈА И МОБИЛНОСТ ТЕАМ с. Вевчани
  • ОСУ Св. Климент Охридски

Скопски регион, 23.6.2015 г., Шуто Оризари

  • Здружение на граѓани КАЛИСТО – Културна асоцијација на луѓето интегрирани во современото општество, Скопје
  • Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
  • Здружение за заштита и едукација на деца и млади Роми „ПРОГРЕС“ Скопје
  • Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
  • Сојуз на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ)
  • Здружение на граѓани „Универзитет трето доба“ Скопје
  • Здружение за истражувања,анализи и развој „ЗЕЛЕНА ЛУПА“ Скопје
  • Здружение за волонтеризам ВОЛОНТЕРСКИ ЦЕНТАР СКОПЈЕ
  • Здружение на граѓани Заштита на правата на детето Скопје
  • Здружение Интернет хотлајн провајдер Македонија
  • Ресурсен центар за родители на деца со посебни потреби
  • Европско движење во Република Македонија (ЕДРМ)
  • Фондација за медиуми и граѓанско општество МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУТ ЗА МЕДИУМИ Скопје
  • Центар за економски анализи – Скопје
  • Фондација за негување на македонското културно наследство МАКЕДОНИКА Скопје
  • Здружение Ромски деловен информативен центар Македонија
  • Македонски центар за култура и развој (МЦКР)
  • Здружение ХЕЛТГРУПЕР САМИТ – Истражување од областа на здравствените и социјални политики Скопје
  • Национален совет за родова рамноправност – СОЖМ
  • Женска граѓанска иницијатива АНТИКО Скопје

Североисточен регион, 10.6.2015 г., Куманово

  • Мултиетничко здружение „Флоренс Најтингејл“ Куманово
  • Граѓанска асоцијација МОСТ – регионална канцеларија Куманово
  • Здружение S.O.S. Куманово (S.O.S. Куманово)
  • Здружение Организација на жени на општина Свети Николе- Свети Николе (ОЖО Свети Николе)
  • Здружение Еко-Гард, Куманово (Еко – Граѓанска асоцијација за рекреативно движење)
  • Здружение Регионален центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА НАША Куманово (ПОРАКА НАША Куманово)
  • Центар за ромска заедница ДРОМ Куманово (ДРОМ Куманово)
  • Здружение на граѓани ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје
  • Здружение Рурална коалиција Куманово
  • Здружение за човекови права на жените БЕСА 2003 Куманово
  • Центарот за меѓукултурен дијалог (ЦИД Куманово)
  • Здружение КОЗЈАЧИЈА ВО СРЦЕТО Бајловце, Старо Нагоричане
  • Центарот за рурален развој БУЈРУМ
  • Здружение МЛАДИ ЕВРОПСКИ ФЕДЕРАЛИСТИ Куманово
  • Здружение на граѓани “ИЗВОР” – Кратово
  • Општина Куманово

Здружение за еднакви можности СЕМПЕР Битола
Здружение за младински активизам МЛАДИНСКА ВИЗИЈА Битола
Здружение Ротаракт Клуб Широк Сокак Битола
Планинарско горскоспасително друштво АВА КОТА – 1050 Новаци
Здружението КОХА ,,Граѓанска Иднина” Битола
Здружение на граѓани за превенција и заштита на заболените од хепатитис,хив и други заразни преносливи вируси ХЕПАР ЦЕНТАР-БИТОЛА Битола
Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА Плус Прилеп
ГАУС ИНСТИТУТ – Фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаење
Младински културен центар – Битола
Здружение за развој и активно делување и поттикнување и на граѓанскиот сектор ЗА НАС СЕ РАБОТИ Битола
Младински иницијативи за дијалог и соработка – Битола
Здружението за напредно современо образование ВОЛВОКС
Здружение на граѓани БИОСФЕРА Центар за едукација и заштита на животната средина и природата
Македонско-турско здружение – Битола
Македонско научно друштво – Битола
Граѓанска асоцијација Битола
Здружение за негување на традиционалните вредности Аманет – добра мисла Битола
Здружение на ромите – Центар за развој на ромската заедница Баирска светлина – Битола