Покана за е-Општество.мк „Интегритетот во сржта на дигиталната трансформација”
21-ВО ИЗДАНИЕ НА Е-ОПШТЕСТВО.МК
📅 Датум: 10 декември 2025
📍 Место: хотел „Холидеј ин“ (сала „Милениум 1“)
🚪 Влез: слободен
🗣️Јазици: македонски, албански и англиски
Чест ни е да Ве поканиме на 21-вото издание на меѓународната конференција е-Општество.мк, која ќе се одржи на 10-ти декември 2025 година во хотел „Холидеј ин“ (Скопје).
Оваа година, конференцијата ќе биде посветена на темата „Интегритетот во сржта на дигиталната трансформација“, истражувајќи како брзиот технолошки напредок ги преобликува демократската отпорност, човековите права и општествената доверба во еден сè повеќе меѓусебно поврзан свет.
Дигиталната трансформација носи огромен потенцијал за иновации, ефикасност и инклузивност, но исто така ги изложува ранливостите на манипулации, кибер закани, и неетичка употреба на технологијата. Обезбедувањето на интегритет како основа на оваа трансформација е клучно за градење на безбедни, транспарентни и одговорни системи што ги штитат граѓаните, а воедно овозможуваат напредок. Предизвикот лежи во постигнувањето на вистинска рамнотежа помеѓу искористувањето на придобивките од дигиталната трансформација и заштитата од ризици што ги поткопуваат стабилноста, еднаквоста и човечкото достоинство.
Целосната агенда може да ја следите во живо на линкот: https://e-society.mk/.
Истата е достапна на македонски, албански и англиски јазик.
Ве покануваме да се регистрирате за учество најдоцна до 1-ви декември: ЛИНК
Со нетрпение очекуваме да го споделиме ова искуство со Вас и да го истражиме интегритетот како основа на дигиталната трансформација.
The post Покана за е-Општество.мк „Интегритетот во сржта на дигиталната трансформација” first appeared on Metamorphosis.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис






![[Aggregator] Downloaded image for imported item #42982](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/12/zabava3-971x1024-1-e1767105422413-768x546.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #42953](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/12/10-1024x768-1-768x576.jpg)