Zapoznajte gi novite grantisti n avm

Запознајте ги новите грантисти на Цивика мобилитас

Добитниците на грантови за граѓански ангажман преку проектите што ќе ги спроведуваат ќе се фокусираат на зголемување на активизмот и ангажираноста на граѓаните во средините каде што живеат.

Ви ги претставуваме организациите добитници и кратките профили на акциите што ќе ги спроведуваат

1. Проектот „Зајакнување на младите: поттикнување на граѓанскиот ангажман и претприемништвото во Полошкиот Регион“ ќе го спроведува Асоцијацијата за демократска иницијатива Гостивар, во партнерство со Центарот за едукација и развој с. Теарце, Институт за лидерство и јавни политики, Тетово и Асоцијацијата Институт за социјална промена-ИнСоК Тетово.

2. Проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“ ќе го спроведуваат Гласен текстилец Штип, ЕХО едукативно-хуманитарна организација Штип и ИНИЦИЈАТИВА НА НЕВРАБОТЕНИ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ Виница.

3. Проектот „Да учиме за климатските промени!!!“ ќе го спроведуваат Извидничкиот Поречански Одред Крсте Јон Струга, Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар и Регионалниот зелен центар Охрид.

4.Проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“ ќе го спроведуваат Здружението Финанце тхинк – Институт за економски истражувања и политики, Скопје во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование, Младинскиот образовен форум, Центарот за развој и унапредување на демократијата, медиумските и новинарски стандарди и слободата на изразување во Република Македонија 360 Степени и Македонското лекарско друштво.

5. Проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“ ќе биде спроведуван од Хелсиншкиот комитет за човекови права Скопје, ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Маргини Скопје.

6. Проектот „Активни жени“ ќе го спроведуваат Хуманитарното здружение Мајка Куманово, Регионалниот центар за соработка „Спектар“ Крива Паланка, Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Куманово и Регионалниот центар за одржлив развој Кратово.

7. Проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: Зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“ ќе биде спроведуван од Центарот за граѓанска иницијатива Прилеп, во партнерство со Здружението за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. Прилеп и Мултиетничко здружение за сите возрасти с. Црнилиште, Долнени.

8.  Проектот „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“ ќе го спроведуваат Центарот за помош на лица со ментален хендикеп Порака Неготино, во партнерство со Еко-живот Кавадарци и Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености Велес.

9. Проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“ ќе го спроведуваат Центарот за развој и промоција Промо идеа Струмица, во партнерство со Центарот за истражување и анализи Новус Струмица и Здружението за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните Круна плус Радовиш.

10. Проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ ќе биде спроведуван од Здружението Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Скопје во партнерство со ЕКО-ЛОГИК Скопје и ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје.

Продолжи со читање

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #6

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #6 [20 – 26 октомври 2025] И по завршувањето на изборниот процес, изборите продолжија да ја диктираат медиумската агенда. Иако бројот на објави е нешто помал од претходните недели, јавниот интерес остана висок. Со повеќе од 4.400 медиумски текстови и 560 објави на социјалните мрежи, медиумскиот простор остана…

  • Соработката меѓу граѓанските организации и бизнис секторот носи многу заемни придобивки

    „Причината поради која сите сакаме да соработуваме е затоа што сите сакаме да имаме корист. Без разлика дали доаѓате од бизнис секторот или од граѓанскиот, треба да почнете да развивате покомплексно разбирање за заемните придобивки“, им рече Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, на учесниците на  работилницата „Зајакнување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #5

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #5 [13 – 17 октомври 2025] Во последната недела пред изборниот молк имаше засилена активност и обновена мобилизација во медиумските објави со повеќе од 3.000 медиумски текстови и 240 објави на социјалните мрежи, и со јасен раст на ангажманот кон крајот на неделата. Кампањата влезе во завршна фаза…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави

    Месечен преглед на медиумските објави [15 септември – 14 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Изборите за локалната власт беа една од најдоминантните теми во медиумскиот простор со над 11.000 медиумски написи и над 1.100 објави на социјалните мрежи. Анализата открива јасна слика: изборната кампања се води…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор