VIK

Првпат по шест години има подобрена овозможувачка околина за граѓанското општество

На вчерашниот (9.7.2019г.) тематски форум на Цивика мобилитас посветен на опкружувањето за граѓанските организации, над 80 претставници на граѓанските организации дискутираа за овозможувачката околина за развој на граѓанското општество за 2018 година.

Форумот го отвори амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Сибил Сутер Тејада. „Фактот што Швајцарија ја продолжува поддршката на граѓанското општество самиот говори за нашата посветеност да креираме стабилно опкружување за граѓанското општество, но уште повеќе за важноста Владата и останатите институции да работат во таа насока“, рече таа.

Околината во која делуваше граѓанското општество во текот на 2018 година, беше значително унапредена за граѓанските организации. Позитивните наоди се значајни, особено имајќи предвид дека по шест циклуси на следење на овозможувачката околина, за прв пат се регистрирани бројни постигнувања во насока на поддршка и развој на граѓанскиот сектор“, рече Симона Огненовска, една од авторките на Извештајот за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество за 2018г.

Беше истакнато дека слободите на здружување, собирање и изразување беа законски загарантирани и главно почитувани и обезбедени во практика, а клучно беше затворањето на инспекциите кои започнаа врз 22 организации на крај на 2016 година.

Финансиската рамка за одржливост на граѓанското општество беше делумно унапредена, а клучни измени настанаа во Законот за данок на добивка, при што за првпат по долгогодишни напори на граѓанските организации, тие беа иззмени како субјекти на Законот.

Во третата област, односот меѓу Владата и граѓанските организации, унапредувањето на состојбата е најзначително и истото се рефлектира преку воспоставувањето и ефективното функционирање на Советот за соработка со граѓанските организации и донесувањето на третиот стратешки документ Стратегија на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020.

За време на панелот, Гордана Гапиќ Димитровска, државен советник од Министерството за информатичко општество и администрација говореше за вклучувањето на граѓанските организации во креирањето политики и ги презентираше резултатите од првиот Годишен извештај за оценка на консултациите во 2018 година.

Освен тоа, Билјана Спасовска, од Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН), ги сподели регионалните искуства во врска со намалените простори (shrinking spaces) со кои се соочуваат граѓанските организации на Балканот. Меѓу другото, таа напомена дека се води црна кампања против здруженијата, активистите и истражувачките новинари, додека граѓанското општество станува се посилно и делува како противтежа во оваа ситуација.


Дел од препораките кои се истакнаа се однесуваа на потребните измени во Кривичниот законик со кој претставниците на здружениjата и фондациите се третираат како службени лица; ставање на тековниот Закон за лобирање вон сила; како и поедноставување на процедурите при регистрација на проекти ослободени од ДДВ. Во однос на очекувањата за директна финансиска поддршка од државата, потребно е да се воспостави фонд за развој на граѓанското општество, да се обезбеди кофинансирање за проектите подджани од странски донатори, потоа потребно е од праксата на едногодишно финансирање да се премине кон повеќегодишна организациска и проектна поддршка; да се зголеми транспарентноста, ефективноста и отчетноста при постапката на дистрибуирање на средствата, но и при трошењето на истите од страна на организациите.

Продолжи со читање

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #6

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #6 [20 – 26 октомври 2025] И по завршувањето на изборниот процес, изборите продолжија да ја диктираат медиумската агенда. Иако бројот на објави е нешто помал од претходните недели, јавниот интерес остана висок. Со повеќе од 4.400 медиумски текстови и 560 објави на социјалните мрежи, медиумскиот простор остана…

  • Соработката меѓу граѓанските организации и бизнис секторот носи многу заемни придобивки

    „Причината поради која сите сакаме да соработуваме е затоа што сите сакаме да имаме корист. Без разлика дали доаѓате од бизнис секторот или од граѓанскиот, треба да почнете да развивате покомплексно разбирање за заемните придобивки“, им рече Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, на учесниците на  работилницата „Зајакнување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #5

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #5 [13 – 17 октомври 2025] Во последната недела пред изборниот молк имаше засилена активност и обновена мобилизација во медиумските објави со повеќе од 3.000 медиумски текстови и 240 објави на социјалните мрежи, и со јасен раст на ангажманот кон крајот на неделата. Кампањата влезе во завршна фаза…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави

    Месечен преглед на медиумските објави [15 септември – 14 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Изборите за локалната власт беа една од најдоминантните теми во медиумскиот простор со над 11.000 медиумски написи и над 1.100 објави на социјалните мрежи. Анализата открива јасна слика: изборната кампања се води…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор