fbpx
x
Мени

Веб страница наместо шалтер сите информации со 3 клика

Светот во кој живееме е обликуван од технологијата. Граѓаните сè повеќе ги користат телефоните и компјутерите за социјализација, онлајн-купување, комуникација, раководење со финансиите, закажување лекарски преглед, информирање итн. Во овој контекст, воопшто не треба да нè изненадува тоа што граѓаните очекуваат да го добијат истиот однос од локалните самоуправи. Тие сакаат да се информираат, да […]

Прирачник за основна обука за користење на информатичка технологија за лица со оштетен вид

Нашата цел е да им овозможиме на сервисните служби за Информатичка технологија соодветни информации за обуки достапни за лица со оштетен вид и да ве охрабриме активно да ги промовирате вашите обуки и за овие лица. Се надеваме дека овој прирачник ќе послужи како добар извор за корисни информации.

Извештај од истражување: Примена на асистивната информатичка технологија во основните училишта во Република Македонија – тековна состојба и потреби –

Овој извештај ги прикажува клучните наоди, заклучоци и препораки од истражувањето на примената на асистивната информатичка технологија (во натамошниот текст: асистивна технологија) во наставата во основните училишта во Македонија. Целите на истражувањето беа: (1) да се документира тековната состојба во основните училишта во поглед на примената на компјутерите како алатка за подобрување на квалитетот на […]

Извештај од истражување: Средните училишта во Македонија и асистивната технологија

Во овој извештај се претставени клучните наоди, заклучоци и препораки од истражувањето за потребите од примена на асистивната технологија во наставата во средните училишта во Македонија. Податоците се однесуваат на учебната 2013/14 година. Пред истражувањето беа поставени две цели: 1) да се документира состојбата во средните училишта во поглед на примената на компјутерите како алатка […]

Асистивна информатичка технологија за поголема инклузивност на образованието : анализа и препораки

Современата технологија брзо и неповратно го менува светот во кој живееме. Во оваа често употребувана констатација има една силна носталгична нишка по „старите добри времиња“, кога не бевме толку „отуѓени“ едни од други, кога се враќавме од одмор пред да пристигнат разгледниците испратени до најблиските… Оваа публикација прикажува некои од позитивните промени што со себе […]

Прирачник за наставници: употреба на информатичката технологија во училиштата за децата со посебни потреби

Пред Вас се наоѓа прирачник кој ќе Ви помогне на полесен начин да ја имплементирате информатичката технологија во секојдневната работа со ученици со посебни образовни потреби. Идејата за создавање на оваа публикација потекнува од предизвиците на кои наидувате во Вашата работа. Нашето досегашно искуство покажа дека учениците со посебни образовни потреби со употребата на компјутерот […]