fbpx
x
Мени

Извештај-Показатели на степенот на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите МК декември 2016

Овој извештај ги презентира резултатите од истражувањето спроведено во рамките на регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите”, која се спроведува од националните новинарски здруженија од Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и од Србија. Главната цел на истражувањето беше да се направи базична […]

Социо-економската положба на новинарите во Источна Македонија

Во овој дел од истражувањето предмет на интерес е состојбата со почитувањето на правата на новинарите во поглед на Законот за работни односи .Овде, пред се, истражувањето е насочено кон почитувањето на правото на годишен одмор, односно, колку работни денови платен одмор добиваат новинарите, потоа дали добиваат надомест или пак слободни денови во случај кога […]

Кон успешно лобирање и застапничка стратегија на новинарите за да се подобри ситуацијата во македонските медиуми – октомври 2017

Во периодот меѓу 2008-2017 медиумите беа под зголемен притисок на се поавторитарната влада, која слободните медиуми и критичките медиумски организации ги сметаше за закана доколку тие не ги почитуваа и не ги поттикнуваа целите на Владата.

Медиумска саморегулација и меѓусекторска комуникација во функционирањето на Советот за етика на медиумите на Македонија – декември 2017

Моќта и квалитетот на саморегулацијата, несомнено, зависат првенствено од тоа дали новинарите на индивидуално ниво, организации и самата индустрија ги прифаќаат етичките и про­фесионалните принципи. Медиумите и медиумските работници треба постојано да се поттикнуваат да ги почитуваат стандардите на професијата, меѓутоа, исто така, е важно и на кој начин тоа ќе се направи. За да […]

Прирачник за новинари за пристап до информации од јавен карактер (Legal Leaks Toolkit) на македонски

Овој прирачник е наменет за новинари кои работат во кој било медиум – весници, радио и телевизија – како и за блогерите и други професионални информатори на кои, за нивните стории, им е потребен пристап до информациите кои ги поседуваат јавните институции. Прирачникот е наменет за новинари кои поднесуваат барања во Република Македонија или кои размислуваат да поднесат барање во друга земја.

Истражување за примената на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер од страна на новинарите

Недоволно познавање на новинарите на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Само 50% од анкетираните новинари се целосно запознаени со ова свое право. Новинарите ја оценуваат достапноста до информациите од јавен карактер како тешка, и тоа делумно или целосно. Притоа, ниту еден од анкетираните не оценил дека пристапот до информациите е лесен.

Прирачник за истражувачко новинарство и пристап до информации

Истражувачкото новинарство во современите демократии е од клучно значење за остварувањето на улогата на медиумите, а воедно е и чувар на јавноста и заштитник на човековите права. Најважната задача на новинарите во демократските општества е да ги заштитуваат интересите на граѓаните. За да ја остварат оваа задача новинарите откриваат злоупотреби на власта и на моќта на поединци и […]

Безбедноста и слободата на новинарите во Македонија

Здружението на новинарите на Македонија, светскиот ден за човекови права 10-ти декември го одбележа со тематски форум на тема: „Безбедноста и слободата на новинарите во Македонија“. На настанот учествуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за информатичко општество Марта Арсовска Томовска, Народниот правобранител Иџет Мемети, а во работниот дел свои излагања имаа новинарот Томислав Кежаровски, претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис, директорката на Советот за етика Марина Тунева, раководителката на програми на МИМ Весна Никодиноска и првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани.