Граѓанска вклученост 2024

Graganska vklucenost cover

Облици на здружување во поддршка на граѓаните

Црквите и верските заедници (23,1%) се најчесто наведениот облик на здружување за кој граѓаните сметаат дека најмногу придонесува за поддршка на нивните потреби, а политичките партии најретко (5,3%). Забележливи се регионални разлики: граѓанските организации се почесто посочени во Југозападниот (25%) и Пелагонискиот регион (23,3%), а синдикатите во Источниот регион (28,8%).

Учество во непартиски, политички активности

Најчесто споменувани форми на учество се потпишување петиција и учество во мирен протест (21,1% и 24,8%), додека кај сите други активности учеството е под 7%. Споредбата со 2021 година покажува пад кај сите форми на учество, особено кај категоријата „Не, но би учествувал/а“, каде се бележат значителни намалувања (од 21,4 до 24,5 пп).

Разликите според возраста се најизразени. Младите (18–29 години) се поподготвени за  учество, а со зголемувањето на возраста расте и процентот на оние што воопшто не би учествувале. Регионално, највисоки нивоа на учество има во Југоисточниот и Скопскиот регион, а најниски во Источниот и Пелагонискиот регион.

Причини за неучество во непартиски, политички активности

Личните причини, односно недостатокот на интерес или волја за учество се најчестите причини за 46,8% од испитаниците да не учествуваат во непартиски, политички активности. Втора најчесто спомнувана причина е презафатеноста (25,3%), а трета е неинформираноста (10,3%).

 Личните причини преовладуваат кај повозрасните испитаници, особено кај оние над 65 години (55,9%), додека кај младите (18–29 години) тоа е презафатеноста (28,9%) или недостигот на информации (10,2%). Во Југоисточниот и Полошкиот регион, личните причини го спречиле учеството во непартиски, политички активности на над 60% од испитаниците, а во Вардарскиот и Југозападниот регион, причината била неинформираноста (27,5%, односно 18,0%).

Членство во граѓански организации

Членството во граѓански организации е на исклучително ниско ниво, само 4,2% од испитаниците изјавиле дека членуваат во граѓанска организација. Причините за нечленување најчесто биле лични (недостаток на интерес или одбивање да се членува) за 33,8% од испитаниците, а презафатеноста и неинформираноста за 24,5% и 7,9% од испитаниците. Повозрасните испитаници почесто наведуваат лични причини, а неинформираноста е најзастапена кај младите и кај испитаници од рурални средини и од Североисточниот регион.

Интересот за волонтирање е највисок за социјални и хуманитарни организации, каде што 30,1% од испитаниците изјавиле дека веќе волонтирале или би сакале да волонтираат. Подготвеност за вклучување е исто така има за еколошки организации (26,5%) и организации за култура и образование (23,3%). Жените, младите (18–29 години), етничките Албанци  и жителите од руралните средини, почесто изразувале подготвеност за волонтерска активност, особено во области што се однесуваат на заштита на човекови права, животна средина и социјална помош. Наспроти тоа, отпорот кон волонтирање е најизразен кај постарите испитаници (65+) и кај мажите.

Продолжи со читање

  • Доверба во граѓанското општество 2024

    Доверба во граѓанското општество  Во 2024 година, индексот на доверба во граѓанскиот сектор изнесува 42,9%, што претставува пад од 8,2 процентни поени во однос на 2021 година. По претходниот тренд на зголемување, довербата повторно е вратена на ниво под она од 2015 и 2013 година, укажувајќи на намалена доверба во…

  • Општа доверба и доверба во институциите 2024

    Довербата е клучна компонента на социјалниот капитал. Во досегашните истражувања, а и во ова, МЦМС разгледуваше два аспекти: општата доверба во луѓето (што вклучува доверба во сличните на себе, како соседи, колеги, сонародници, но исто така и во непознати лица) и довербата во институциите (формални институции на владеење во општеството)….

  • Главните достигнувања на програмата Civica Mobilitas 2019-2023

    Од својот почеток во 2009 година, програмата Civica Mobilitas, создадена и поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Швајцарската амбасада во Северна Македонија, има значајна улога во развојот на граѓанското општество. Издавањето на оваа публикација е овозможено од Цивика мобилитас, проект на Влада-та на Швајцарија кој го…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Институционални грантови

    Преку институционалните грантови од програмата Цивика мобилитас, во тековната фаза беа опфатени 30 граѓански организации кои, покрај нивното долгогодишно искуство и стручност во специфичните области на нивната работа, изразија потреба од континуирана поддршка за организациски развој и јакнење на капацитетите. Оваа поддршка е клучна за успешна реализација на нивните програмски…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Акциски грантови

    Анализирајќи ги резултатите од акциските грантови поддржани од Цивика мобилитас, добиваме јасен преглед на актуелните социјални предизвици. Но, покрај тоа, овие проекти ја осветлуваат и патеката до потенцијалните решенија. Грантистите не се задоволиле само со идентификација на проблемите, тие, исто така, понудиле конкретни решенија и, во некои случаи, ги тестирале…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Мали грантови III дел

    Со оваа публикација ви претставуваме 19 граѓански организации кои успеаја да обезбедат грант од Цивика мобилитас за да ги задоволат потребите на своите заедници. Овие грантови овозможија спроведување на различни активности, вклучувајќи: советување и поддршка на лица со социјален ризик, помош на деца во конфликт со законот, промовирање на општествената…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор