Главните достигнувања на програмата Civica Mobilitas 2019-2023

Postignuvanja Cm3

Од својот почеток во 2009 година, програмата Civica Mobilitas, создадена и поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Швајцарската амбасада во Северна Македонија, има значајна улога во развојот на граѓанското општество.

Издавањето на оваа публикација е овозможено од Цивика мобилитас, проект на Влада-та на Швајцарија кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

Во периодот од 2009 до 2023 година, Швајцарија вложила околу 20 милиони швајцарски франци за поддршка на граѓанските организации (ГО) во земјата. Програмата досега поддржала 324 ГО, кои добиле вкупно 463 грантови во различни области, вклучувајќи поддршка на доброто владеење, заштита на животната средина, родова еднаквост, човекови права, права на животните, здравствена заштита, работнички права, слобода на изразување и развој на медиумите, етика во јавната комуникација, фер и слободни избори, транспарентни јавни набавки, образование, култура и многу други теми.

Меѓу значајните настани организирани од грантистите на Civica Mobilitas, се издвои Шарената револуција, која предизвика серија граѓански протести и доведе до промена на власта. Поставувањето на „Blueprint“ за итни демократски реформи, во кој учествуваа 9 организации од кои 6 беа грантисти на програмата, предложи мерки кои значително придонесоа за приближување на земјата кон членство во ЕУ.

Друг важен момент беше иницијативата на Националната коалиција за родова еднаквост, која обедини бројни организации за родова еднаквост и женски права, за да го поттикне усвојувањето на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулска конвенција).

Овие достигнувања, заедно со многуте други постигнати цели на ГО поддржани од нашата програма, потврдуваат оправданоста и значењето на поддршката која ја пружаме на граѓанското општество.

Една од главните лекции од претходната фаза на Civica Mobilitas е дека соработката меѓу ГО носи значителна додадена вредност. Создавањето критична маса на ГО го зголемува влијанието на граѓанскиот сектор и подобрува учеството во активностите на државните институции, овозможувајќи ефективно решавање на проблемите според потребите на граѓаните.

Затоа, програмата Civica Mobilitas ја промовира поддршката на проектни партнерства помеѓу граѓанските организации. Оваа стратегија не само што овозможува спроведување на амбициозни проекти, туку и ја зголемува способноста на поединечните организации преку размена на искуства и создавање нови коалиции, што го подобрува развојот на граѓанскиот сектор во земјата.

Продолжи со читање

  • Граѓанска вклученост 2024

    Облици на здружување во поддршка на граѓаните Црквите и верските заедници (23,1%) се најчесто наведениот облик на здружување за кој граѓаните сметаат дека најмногу придонесува за поддршка на нивните потреби, а политичките партии најретко (5,3%). Забележливи се регионални разлики: граѓанските организации се почесто посочени во Југозападниот (25%) и Пелагонискиот регион…

  • Доверба во граѓанското општество 2024

    Доверба во граѓанското општество  Во 2024 година, индексот на доверба во граѓанскиот сектор изнесува 42,9%, што претставува пад од 8,2 процентни поени во однос на 2021 година. По претходниот тренд на зголемување, довербата повторно е вратена на ниво под она од 2015 и 2013 година, укажувајќи на намалена доверба во…

  • Општа доверба и доверба во институциите 2024

    Довербата е клучна компонента на социјалниот капитал. Во досегашните истражувања, а и во ова, МЦМС разгледуваше два аспекти: општата доверба во луѓето (што вклучува доверба во сличните на себе, како соседи, колеги, сонародници, но исто така и во непознати лица) и довербата во институциите (формални институции на владеење во општеството)….

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Институционални грантови

    Преку институционалните грантови од програмата Цивика мобилитас, во тековната фаза беа опфатени 30 граѓански организации кои, покрај нивното долгогодишно искуство и стручност во специфичните области на нивната работа, изразија потреба од континуирана поддршка за организациски развој и јакнење на капацитетите. Оваа поддршка е клучна за успешна реализација на нивните програмски…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Акциски грантови

    Анализирајќи ги резултатите од акциските грантови поддржани од Цивика мобилитас, добиваме јасен преглед на актуелните социјални предизвици. Но, покрај тоа, овие проекти ја осветлуваат и патеката до потенцијалните решенија. Грантистите не се задоволиле само со идентификација на проблемите, тие, исто така, понудиле конкретни решенија и, во некои случаи, ги тестирале…

  • Постигнувањата на грантистите на Цивика мобилитас: Мали грантови III дел

    Со оваа публикација ви претставуваме 19 граѓански организации кои успеаја да обезбедат грант од Цивика мобилитас за да ги задоволат потребите на своите заедници. Овие грантови овозможија спроведување на различни активности, вклучувајќи: советување и поддршка на лица со социјален ризик, помош на деца во конфликт со законот, промовирање на општествената…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор