Под мотото „Граѓаните за промени – Ден на граѓанските организации“, ЦИВИКА Мобилитас го организираше третиот Национален форум , на којшто учествуваа стотина граѓански организации од целата земја. Пред бројните граѓани и рекреативци на просторот околу „Школка“ во Градскиот парк во Скопје, организациите ги претставија своите активности, разменуваа идеи и дискутираа за заеднички општествени акции од интерес на граѓаните.