Граѓаните за промена #4

ЈАНУАРИ - АПРИЛ 2020

Два месеци во вонредна состојба и нешто повеќе од тоа под притисок на новиот корона вирус ни наметна нови правила на однесување, нови форми на работа и комуникација, нови животни и професионални приоритети. Се почнува и завршува со Ковид-19. Во средината се обидуваме да ја вметнеме каква-таквата нормалност од нашите активности, перцепции, очекувања, од нашите животи.

И овој број на Граѓаните за промени е подготвен на тој начин. Првично со намера да биде посветен на граѓанското учество, во ôд беше престигнат од Ковид-19 за на крај да се појави пред вас како комбинација на двете, а во обем и временска рамка малку поголема од вообичаено.

Граѓанските организации и во оваа вонредна состојба се организираа и застанаа во првите редови за да им помогнат на граѓаните, на оние кои најмногу имаат потреба од помош. Првиот одговор беше хуманитарната помош за стари и изнемоштени лица, за бездомни и за други ранливи категории. Но помошта не беше само во храна и средства за хигиена, дел од организациите се организираа и обезбедија или изработија заштитни маски прво, за здравствените работници, потоа и за другите граѓани. Црвен крст, Банка за храна, Вистински дела а љубезност, Хера, ЛГБТ Јунајтед, Месечина, Фокус, Светла иднина, Стар-Стар само се дел од организациите кои дистрибуираа хуманитарна помош.

Будното следење на одлуките на властите, посветената борба за заштита на оние чии права се нарушени и донесе победа на коалицијата од 11 граѓански организации која ја убеди Владата да ја смени одредбата со која се овозможуваше отпуштање на работници во фирмите кои користат државна поддршка во надминување на економските последици предизвикани од пандемијата. „Продолжуваме да дејствуваме здружено“, велат тие во нивното соопштение, „зошто само така можеме да изградиме праведно, солидарно и хумано општество“. Драго ни е што четири од овие организации се дел од големата заедница на Цивика мобилитас.

Цивика мобилитас исто така одговори на кризата предизвикана од коронавирусот со обезбедување информации за одговорот на граѓанските организации на неа и со отворање на ад хок грантови за граѓанските организации кои сакаат да преземат активности за борба против Ковид-19. Цивика мобилитас отвори посебен дел на страната на Цивика мобилитас каде се известува за активностите на граѓанските организации. Таа страна бележи над 180 акции за хуманитарна помош во кои помошта се мери во стотици тони храна и продукти за хигиена и заштита. Оваа листа наречена Ковид 19 секојдневно се ажурира, а покрај хуманитарната помош, таму се и активностите поврзани со работничките права, децата и младите, здравјето итн.

Секој во својата област на експертиза го дава својот придонес за што е можно побезболно надминување на вонредните услови во кои се најде општеството. До 30 април, Цивика мобилитас додели вкупно 15 ад-хок грантови за граѓански организации кои ќе спроведуваат активности поврзани со Ковид-19. Постојано ги мотивираме граѓанските организации да ги споделат своите активности поврзани со пандемијата кои потоа ги објавуваме на веб страната и во вонредниот билтен. Информациите се важни во вакви моменти, не за да се пофалиме дека сме излегле во пресрет на потребите и барањата на граѓаните, туку да ги направите нашите активности уште подостапни за оние кои имаат потреба од нив.

Четвртиот број на Граѓаните за промени носи и информации за ресурсната платформа на Евротинк која треба да обезбеди континуирано информирање и едукација за интеграциите во ЕУ што ќе го олесни вклучувањето на граѓаните во овие процеси, за резултатите од истражувањето на Институтот за општествени и хуманистички науки посветено на поларизацијата на македонското општество, за вклучувањето на барањата на Ромите во програмите на политичките партии, за последниот „Енгејџ“ за случајот „Јавна соба“, за маршот за женски права, за Форум театарот како начин за градење свест и борба против врсничкото насилство и многу други.

Продолжи со читање

  • Граѓаните за промена #21

    АПРИЛ-ЈУНИ 2025 Новиот број на Граѓаните за промена #21 магазинот е посветен на овоможувачката околина. Граѓанските организации и нивниот придонес во програмите на кандидатите на локалните избори „Ни треба институционална култура за слушање на гласот на сите граѓани и сите ранливи групи“ – рече еден од граѓанските активисти, учесници на…

  • Граѓаните за промена #20

    ЈАНУАРИ-МАРТ 2025 Во овој број посветен на граѓанското учество, ги носиме приказните на оние кои не се помируваат со статус кво. Од Битола до Скопје, низ конференции, обуки, маршеви и локални анализи, граѓанскиот сектор ја води својата и битката на оние кои ги застапува за поинклузивно, одговорно и одржливо општество….

  • Граѓаните за промена #19

    ОКТОМВРИ-ДЕКЕМВРИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена #19, со фокус на Граѓански ангажман. „Убеден сум дека во дијалог со невладините организации ќе можеме да градиме подобри политики, ќе можеме да носиме поквалитетни одлуки за одредени сфери од општеството“. Ова беше една од пораките на премиерот Мицковски испратена…

  • Граѓаните за промена #18

    ЈУЛИ – АВГУСТ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена, со фокус на овозможувачката околина. „Нема напредок во сеопфатната реформа на рамката за државно финансирање на граѓанските организации“–ова е старо-новата констатација на Извештајот за овозможувачка околина за 2023 година што беше објавен минатиот месец. Се разбира, ова не…

  • Граѓаните за промена #17

    АПРИЛ – ЈУНИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена. Првата порака за животната средина на која се сеќавам, ми се обраќаше од еден календар од „Наш Свет“, интересно, информативно и едукативно четиво за основци. На секоја страна имаше фотографии од различни птици, а пораката беше „Спасете не,…

  • Граѓаните за промена #16

    ЈАНУАРИ – МАРТ 2024 Добредојдовте во новиот број на магазинот на Цивика мобилитас, „Граѓаните за промена“, гласник на програма за поддршка на граѓанското општество поддржана од владата на Швајцарија, но и гласник на целото граѓанско општество. По пауза од речиси една година им се враќаме на темите и иницијативите кои…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор