Граѓаните за промена #22

ЈУЛИ-СЕПТЕМВРИ 2025 | Преземи го магазинот

Ајде да решиме заедно!

0 02 05 a0abe2c7ca49023e6be4c78855d7907c4132fedcab978728df145ccac7279680 9655e56e8b05f525

„Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40 дена преку протест се бореа против загадувањето од депонијата Вардариште. Иницијативата беше на граѓаните кои побараа чист воздух, здрава животна средина и одговорни институции. Тие јасно ги кажаа своите барања и ги доставија до надлежните институции. Протестот го ставија во мирување дури откако почнаа да се реализираат дел од нивните барања за да им дадат простор на институциите да си ја завршат работата. Но предупредија, „ако процесот застане, ако ветувањата не се исполнат, повторно ќе се вратиме, посилни и побројни од кога било!“

Ваквите иницијативи се ветер во грб за граѓанскиот ангажман. Иако често слушаме дека граѓаните се незаинтересирани, рамнодушни, пасивни, сепак, во секој дел на државата можат да се најдат активисти кои неуморно работат на нивните цели. Можеби информациите за нивните активности не се многу јавно експонирани, но таму се, посветени на луѓето со кои работат и истрајни во тоа што сакаат да го постигнат.

Голем дел од нас се дел од тој граѓански ангажман. Некогаш не сме свесни дека со учеството во некои од активностите ја градиме таа активистичка мрежа. Некогаш тоа се протести, но почесто се обуки, работилници, детски и младински кампови, теренски акции, мини кампањи, дебати, анализи… Сите овие активности овозможуваат да ги градиме нашите знаења и вештини за да ги употребиме барајќи и придонесувајќи кон промените во нашите заедници и во целото општество. Никој од вклучените во ваквите активности не е исклучен од интеракции со околината преку кои влијае на другите. На тој начин, свесно или несвесно, сите придонесуваме кон граѓанскиот активизам кој ни помага да ја зајакнеме демократијата одоздола. Граѓанскиот ангажман информира, вклучува и ги држи одговорни институциите. Тој е најбрзиот пат локалните проблеми да станат јавни приоритети – од чист воздух и безбедни улици, до фер буџети и подобри услуги. Активизмот гради доверба и солидарност меѓу различни групи, создава практични вештини кај младите, ја зголемува видливоста на жените и маргинализираните, и ја мобилизира приватната и јавната поддршка за заедничко добро. Најважно, активизмот ја претвора рамнодушноста во учество: од „некој друг нека реши“ во „ајде да решиме заедно!“.

Новиот број на „Граѓаните за промена“ е покана да се вклучите: да прашате, предложите, волонтирате, донирате, гласате и создавате. Зашто граѓанскиот ангажман не е еднократен настан – тоа е навика што го подобрува секојдневието и ја прави нашата заедница посилна, поправедна и поотпорна.

Активистите од #стопзавардариште на сите што се двоумат им порачаа – „запомнете, промената не доаѓа сама. Ние сме тие што ја носиме!“

Продолжи со читање

  • Граѓаните за промена #21

    АПРИЛ-ЈУНИ 2025 Новиот број на Граѓаните за промена #21 магазинот е посветен на овоможувачката околина. Граѓанските организации и нивниот придонес во програмите на кандидатите на локалните избори „Ни треба институционална култура за слушање на гласот на сите граѓани и сите ранливи групи“ – рече еден од граѓанските активисти, учесници на…

  • Граѓаните за промена #20

    ЈАНУАРИ-МАРТ 2025 Во овој број посветен на граѓанското учество, ги носиме приказните на оние кои не се помируваат со статус кво. Од Битола до Скопје, низ конференции, обуки, маршеви и локални анализи, граѓанскиот сектор ја води својата и битката на оние кои ги застапува за поинклузивно, одговорно и одржливо општество….

  • Граѓаните за промена #19

    ОКТОМВРИ-ДЕКЕМВРИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена #19, со фокус на Граѓански ангажман. „Убеден сум дека во дијалог со невладините организации ќе можеме да градиме подобри политики, ќе можеме да носиме поквалитетни одлуки за одредени сфери од општеството“. Ова беше една од пораките на премиерот Мицковски испратена…

  • Граѓаните за промена #18

    ЈУЛИ – АВГУСТ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена, со фокус на овозможувачката околина. „Нема напредок во сеопфатната реформа на рамката за државно финансирање на граѓанските организации“–ова е старо-новата констатација на Извештајот за овозможувачка околина за 2023 година што беше објавен минатиот месец. Се разбира, ова не…

  • Граѓаните за промена #17

    АПРИЛ – ЈУНИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена. Првата порака за животната средина на која се сеќавам, ми се обраќаше од еден календар од „Наш Свет“, интересно, информативно и едукативно четиво за основци. На секоја страна имаше фотографии од различни птици, а пораката беше „Спасете не,…

  • Граѓаните за промена #16

    ЈАНУАРИ – МАРТ 2024 Добредојдовте во новиот број на магазинот на Цивика мобилитас, „Граѓаните за промена“, гласник на програма за поддршка на граѓанското општество поддржана од владата на Швајцарија, но и гласник на целото граѓанско општество. По пауза од речиси една година им се враќаме на темите и иницијативите кои…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор