Граѓаните за промена #2

ЈУЛИ - СЕПТЕМВРИ 2019

Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена на Цивика мобилитас, чија насловна тема е граѓанскиот активизам.

„Упорноста се исплаќа и покрај сите негирања, закани, физички и вербални напади, инспекциски тортури од власта која не сакаше да зборува ниту да го решава проблемот со небезбедната вода во Гевгелија“ – ова е дел од фејсбук постот на граѓанската иницијатива „Арсена“ од Гевгелија.

Тие на самиот почеток, постот го почнуваат со зборовите: Шест години неуморен граѓански активизам кој вроди со плод и со тоа го означија крајот на една голема битка за граѓаните, битка во која гевгеличани добија чиста и здрава вода за пиење во која, како што вели градоначалникот Поцков „нема арсен, само Н2О тече низ домашните чешми“.  

Цивика мобилитас ги поддржа неуморните активисти на Арсена кои дури 10 пати правеа анализи на водата во меѓународна лиценцирана лабораторија за да ја убедат локалната власт да преземе чекори за решавање на проблемот. Резултатите одеа и до 177% повеќе арсен од максимално дозволената граница, според Светската здравствена организација. Покрај властите, активистите на „Арсена“ ги информираа и граѓаните, ги едуцираа, а потоа заедно со нив организираа различни иницијативи за да направат притисок за изградба на нов бунарски систем за водоснабдување. И успеаја!

Ова е светол пример на граѓански активизам или ангажман. И за среќа, не е единствен. На пример „На точак“. Кога прв пат се собраа, во пролетта 2012 година многу малку се зборуваше, а уште помалку се правеше за подигањето на свеста за велосипедот како урбано превозно средство. Издигањето на ниво на рамноправен учесник во сообраќајот во Скопје, за што и тие би се согласиле, беше само убава замисла. Денес, по седум години активизам и извозени #81 Критична маса само во Скопје, илјадници луѓе имаат лична свест за урбаниот велосипедизам. И тоа не само во Скопје, туку и во други градови во државава. Скопје има над 80 км велосипедски патеки, низ градот и на кејот, а локалните власти работат на реконструкција и изградба на нови со кои ќе се поврзе целиот град. Има уште доста да се сработи би рекле ентузијастите од „На точак“, ама тие успеаја да го свртат вниманието и на претходната и на сегашната локална власт на ова прашање. Нивните предлози се добро промислени и секоја власт која има визија за иднината и ги предвидува трендовите ќе ги земе предвид.

И ако на крај се сумираат овие две приказни, ако се постават прашања, кој придонесе за чиста вода, кој покрена иницијатива и излобира за нови велосипедски патеки во главниот град? Единствениот можен одговор е граѓаните и тоа преку своето граѓанско ангажирање. Ангажирањето подразбира работа но таква работа со која ќе се направи промена во животот на една заедница, како на пример за жителите на Гевгелија или во заедницата на велосипедисти, а благодарение на нив и на сите учесници во сообраќајот.

За таква промена, потребно е работата да вклучи знаења и вештини, вредности и мотивација, како тие на активистите на „Арсена“ и „На точак“.  

Градењето и одбраната на демократијата не подразбира само носење закони и спроведување избори, туку ги вклучува и сите други сегменти во живеењето на едно општество, што го прават општеството здраво.

АКТИВНИТЕ ГРАЃАНИ решаваат проблеми;

АКТИВНИТЕ ГРАЃАНИ избираат подобри лидери и поттикнуваат подобро лидерство;

АКТИВНИТЕ ГРАЃАНИ не им велат на политичарите „кажете нѝ што вие мислите дека сакаме да слушнеме“ туку „кажете ни ја вистината и ние ќе ви помогнеме подобро да си ја работите работата“.

Продолжи со читање

  • Граѓаните за промена #21

    АПРИЛ-ЈУНИ 2025 Новиот број на Граѓаните за промена #21 магазинот е посветен на овоможувачката околина. Граѓанските организации и нивниот придонес во програмите на кандидатите на локалните избори „Ни треба институционална култура за слушање на гласот на сите граѓани и сите ранливи групи“ – рече еден од граѓанските активисти, учесници на…

  • Граѓаните за промена #20

    ЈАНУАРИ-МАРТ 2025 Во овој број посветен на граѓанското учество, ги носиме приказните на оние кои не се помируваат со статус кво. Од Битола до Скопје, низ конференции, обуки, маршеви и локални анализи, граѓанскиот сектор ја води својата и битката на оние кои ги застапува за поинклузивно, одговорно и одржливо општество….

  • Граѓаните за промена #19

    ОКТОМВРИ-ДЕКЕМВРИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена #19, со фокус на Граѓански ангажман. „Убеден сум дека во дијалог со невладините организации ќе можеме да градиме подобри политики, ќе можеме да носиме поквалитетни одлуки за одредени сфери од општеството“. Ова беше една од пораките на премиерот Мицковски испратена…

  • Граѓаните за промена #18

    ЈУЛИ – АВГУСТ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена, со фокус на овозможувачката околина. „Нема напредок во сеопфатната реформа на рамката за државно финансирање на граѓанските организации“–ова е старо-новата констатација на Извештајот за овозможувачка околина за 2023 година што беше објавен минатиот месец. Се разбира, ова не…

  • Граѓаните за промена #17

    АПРИЛ – ЈУНИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена. Првата порака за животната средина на која се сеќавам, ми се обраќаше од еден календар од „Наш Свет“, интересно, информативно и едукативно четиво за основци. На секоја страна имаше фотографии од различни птици, а пораката беше „Спасете не,…

  • Граѓаните за промена #16

    ЈАНУАРИ – МАРТ 2024 Добредојдовте во новиот број на магазинот на Цивика мобилитас, „Граѓаните за промена“, гласник на програма за поддршка на граѓанското општество поддржана од владата на Швајцарија, но и гласник на целото граѓанско општество. По пауза од речиси една година им се враќаме на темите и иницијативите кои…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор