1

Женска граѓанска иницијатива АНТИКО, Скопје

Вкупен буџет: 13.999.983 денари

Период на реализација: 01.12.2023 – 30.09.2026 (34 месеци)

Специфична тема: Родова еднаквост/Социјална инклузија

Партнери:

  • Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТ с.Канатларци, Прилеп
  • Здружение за образование и култура АДРИОН с. Требош, Желино

Конституенти: Граѓани од целните региони и општини, особено од помали урбани и рурални средини; млади лица, жени и мажи;граѓанските организации; централните и локалните власти и јавните институции; бизниси и индустрии; етнички и културни групи; групи на корисници на јавни услуги; академски групи и студенти; родители и семејни групи; повозрасни лица; медиуми.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Гласот и учеството на жените и младите во: креирање на јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество

ОПИС НА АКЦИЈАТА

Граѓаните не се секогаш информирани за политиките и одлуките кои влијаат на нивните животи. Причините за тоа се апатијата и незаинтересираноста како и недостатокот на транспарентност и лесно достапни информации. Иако постојат добри примери и практики, генерално властите се уште не се доволно отворени при процесите на креирање политики. Во многу подрачја не постојат систематски конзистентни, законски пропишани и планирани пристапи на консултација и соработка кои создаваат поволно опкружување за развојот и одржливоста на граѓанскиот сектор. Исклученоста на маргинализираните групи е повисока. Двете најмалку вклучени групи се младите лица и жените, а локалните политики и буџети се родово несензитивни. Проблемот е поприсутен во помалите урбани и руралните средини каде дејствува помал број на активни ГО. Овој проект ќе одговори на овие предизвици преку планираните активности.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Подобрени и проширени простори и можности за граѓански ангажман преку зајакнати и подобро и помасовно организирани локални (grassroot) ГО кои ги поттикнуваат, мотивираат и се лесно достапни за граѓаните, за да се овозможи делување од долу нагоре во однос на политичките агенди кои овозможуваат инклузивност и поодржливо граѓанско општество кое работи на опипливи програми, врз основа на демократските вредности и човековите права и владеење на правото.

Специфична цел:

  • Градење на организациски капацитети и зголемување на способности и вештини на локалните ГО (grasroot) – поддршка на граѓанското учество во креирање политики и донесување на одлуки.
  • Зголемување на граѓанскиот ангажман и влијание врз креирање на јавните политики и учество во донесување на одлуки- зголемена доверба во граѓанското општество.
  • Зголемување на гласот и капацитетот на младите и жените за активно учество во изградбата на заедницата преку остварување на влијанија во креирање на јавни политики и донесување одлуки.
  • Подобрени можности за жени од помали урбани и рурални средини за активно учество на пазарот на труд и самовработување

РЕЗУЛТАТИ

  1. Подобрени внатрешни организациски капацитети – знаења и вештини за: управување со граѓански иницијативи
  2. Зголемен бројот активисти и волонтери
  3. Зголемена партиципативност, масивноста, влијанието, вклученоста и соработката на ГО централните и локалните власти креирање на (родово одговорни) политики закони, стратегии програми и буџети)
  4. Создаден поголем простор за граѓанско учество и поповолно опкружување преку државно финасисрање и политички мерки за стимулирање на бизнис секторот за финансирање на ГО.
  5. Зајакнатите капацитети на граѓанските организации поттикнуваат систематска поддршка на граѓанскиот ангажман
  6. Зголемено е граѓанското учество и влијание преку воспоставена соработка со властите
  7. Средината за развој на граѓанско општество е подобрена преку создадени механизми за поголема соработка
  8. Изградени капацитети на млади лидери/ки на заедницата, преку развиените приспособени модули за едукација. – Одржаните обуки ги зголемија теоретските знаења и практични лидерските вештини за граѓански ангажман на младите лидери/ки
  9. Младите лидери/ки ја зголемија гласноста за позитивни промени преку- социјални ( родово сензитивни) јавни акции во заедницата и комуникацијата со локалните власти, ГО и младинските совети и центри
  10. Зголемен е пристапот на жените до едукација и образование – (професионални повеќемесечни курсеви/обуки) за развиени вештини и компетенции кои овозможуваат да бидат поконкурентни на пазарот на труд.

АКТИВНОСТИ

  • Обуки за градење на капацитети на ГО, три (3) дводневни обуки.
  • Работилници за јавно застапување и лобирање
  • Промотивни кампањи за подигнување на јавната свест
  • Одржување на интегрирани сесии на тема: Внесување на родовата перспектива во креирање на јавните политики/проекти и буџети
  • Организирање на медиумска кампања „Активизам против насилството врз жените и семејното насилство“
  • Организирање на јавни настани, дебати, тркалезни маси во заедниците за локални проблеми и предизвици.
  • Организирање на обуки за јакнење на капацитети за граѓанско учество
  • Форуми во заедниците (10)
  • Настани за воспоставување на дијалог со властите
  • Активности за градење на мрежи и партнерства (5)
  • Следење на механизмите за граѓанско учество со менторска поддршка
  • Одржување на обуки/работилници за стекнување на лидерски вештини
  • Спроведување на социјални јавни акции во заедницата
  • Следење на младинските политики/ и механизми преку менторска /експертска поддршка
  • Одржување на курсеви за жени за зголемување на нивните потенцијали за активно учество во пазар на труд“.
  • Организирање на информативни и едукативни сесии (5).
  • Воспоставување на дијалог помеѓу жените и властите за создавање овозможувачка околина за развој на женското претприемништво
  • Организирање активности за лобирање и јавно застапување за внесување на родовиот аспект во политиките и програмите на јавните комунални услуги
  • Следење на родовите( економски) политики со менторска/консултантска поддршка

ВЕБ СТРАНИЦА

http://www.antiko.org.mk/

Продолжи со читање

  • ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување

    Вкупен буџет: 13.905.023 денари Период на реализација: 01.12.2023 – 30.05.2026 (30 месеци) Специфична тема: Здравство Партнери: Конституенти: Министерството за здравство, јавно-здравствените институции и стручните тела и комисии, жените и девојките во репродуктивен период (15 – 49 години), мајките и децата;  луѓето кои живеат со ХИВ;  клучните популации засегнати од ХИВ:…

  • Про Локал, Битола

    Вкупен буџет: 13.998.851 денари Период на реализација: 01.12.2023 – 30.05.2026 (30 месеци) Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти: Млади лица на возраст од 15 до 29 години; граѓански организации; локални самоуправи; локални секторски институции; регионални центри за развој; национални институции кои се надлежни за младински политики, пратеници и медиуми; За проектот…

  • Здружение на граѓани Центар за климатски промени, Гевгелија

    Вкупен буџет: 13.999.791 денари Период на реализација: 01.12.2023 – 30.09.2026 (34 месеци) Специфична тема: Климатски промени/животна средина Партнери: Конституенти: Единици на локална самоуправа, јавни претпријатија, центрите за развој во планските региони, Министерство за животна средина и просторно планирање и граѓаните. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Регионално партнерство за подобро…

  • Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје

    Вкупен буџет: 14.000.000 денари Период на реализација: 01.12.2023 – 30.09.2026 (34 месеци) Специфична тема: Антикорупција Партнери: Конституенти: Институциите за борба против корупцијата и органите на прогонот; другите државни институции; фирмите; граѓанските организации; медиумите и граѓаните. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Користење на податоците за вистинските сопственици за намалување на…

  • Здружение Форум за разумни политики Скопје

    Вкупен буџет: 14.000.000 денари Период на реализација: 01.12.2023 – 30.09.2026 (34 месеци) Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓанскиот сектор посветен на прашањата на образование, иновација, економски развој и родова еднаквост; високообразовни установи; младински организации;  креатори на политики од областите на образованието (со фокус на високото, и напредното вокациско знаење од…

  • Центар за младински активизам (ЦМА) КРИК, Скопје

    Вкупен буџет: 13.994.784 денари Период на реализација: 01.12.2023 – 30.09.2026 (34 месеци) Специфична тема: Климатски промени/животна средина Партнери: Конституенти: Стручни работници од системот на социјална заштита, даватели на социјални услуги, корисници, младинските работници и млади. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор