Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје
Вкупен буџет: 5.547.802 МКД
Специфична тема: Социјална инклузија
Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година
Партнери:
- Здружение ХОПС-Опции за здрав живот Скопје
- Коалиција сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници МАРГИНИ Скопје
Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на жените од руралните средини, жени од ЛГБТИ заедницата и жени во социјален ризик (жени кои употребуваат дроги, сексуални работнички, осуденички, бездомнички).
За проектот поддржан од Цивика мобилитас:
Еднаквост сега – зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација
ОПИС НА АКЦИЈАТА
Главната придобивка од овој проект е директниот граѓански ангажман на жените од маргинализираните заедници во Скопскиот плански регион преку нивно активно вклучување во зајакнување на заедниците, во работата на Мрежата за заштита од дискриминација и во застапување за промена на политиките и практиките согласно нивните потреби. Анализата на ситуација се заснова на долгогодишното искуство на Мрежата за заштита од дискриминација во обезбедување на поддршка за заштита од дискриминација и директната и блиска соработка со жените од маргинализирани заедници. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Мрежата за спречување на дискриминација имаат долгогодишна континуирана соработка, ќе продолжи со овој проект со посебен фокус на случаите на дискриминација против жените од маргинализирани заедници со цел зголемување на довербата кај маргинализираните жени во ова независно тело. Со активно вклучување на маргинализираните жени во борбата против дискриминацијата и зголемување на нивната доверба во антидискриминациските тела, акцијата се стреми да ги поттикне да ги заштитат нивните права и активно да учествуваат во општеството, како и во донесувањето на одлуки. Оваа акција ќе придонесе кон справувањето со системските нееднаквости и промовирањето на правата и благосостојбата на маргинализираните жени од скопскиот плански регион.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел:
Спречување и заштита од родова дискриминација преку правно зајакнување на жените од маргинализирани заедници во Скопски плански регион, нивно активно вклучување во борбата против дискриминација, зголемена доверба во антидискриминациските тела и сензибилизација против дискриминација на клучните чинители и јавноста.
Специфични цели:
- Унапредување на пристапот до правда при нееднаков третман на жени од маргинализираните заедници преку нивно правно зајакнување и активно вклучување во работата на Мрежата за заштита од дискриминација.
- Зголемување на довербата во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација помеѓу жените од маргинализирани заедници преку спроведување на заеднички активности за препознавање и заштита од дискриминација
- Намалување на стигмата и предрасудите кон жените од маргинализирани заедници преку јавна кампања за сензибилизрање на доносителите на одлуки, давателите на услуги и општата јавност
РЕЗУЛТАТИ
- Унапреден пристапот до правда при нееднаков третман на жените од маргинализирани заедници преку нивно правно зајакнување и активно вклучување во работата на Мрежата за заштита од дискриминација
- Зголемена доверба во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација преку спроведување на заеднички активности за препознавање и заштита од дискриминација
- Намалена стигма и предрасуди кон жените од маргинализираните заедници преку јавна кампања за сензибилизрање на доносителите на одлуки, давателите на услуги и општата јавност
- Зголемена вклученост на обучените параправничи во работата на Мрежата за заштита од дискриминација
АКТИВНОСТИ
- Обезбедување бесплатна правна помош
- Стратешко застапување на избрани случаи на дискриминација на жени од маргинализирани заедници
- Обезбедување на параправна помош и поддршка за жените од маргинализирани заедници
- Обука на нови параправници
- Одржување едукативни средби за недискриминација помеѓу МЗД и жените од маргинализирани заедници
- Одржување форуми и/или отворени денови за заштита од дискриминација во соработка со КСЗД
- Мониторинг и информирање за постапувањето на КСЗД за заштита од дискриминација на жени од маргинализирани заедници
- Едукативни сесии за сензибилизација на комисионерите и вработените во КСЗД за работа со маргинализирани жени
- Регионален јавен настан – платформа за вклучување на маргинализираните жени во општеството и зајакнување на соработката
- Кампања за намалување на стигмата и предрасудите и превенција од дискриминација врз жените од маргинализирани заедници
- Активно учество на обучените параправнички во мрежните состаноци за застапување и координација