12

ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

Вкупен буџет: 5.600.000 МКД

Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година

Специфична тема: Образование

Партнери:

  • Здружение Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО) – Скопје
  • Здружение на граѓани Младински образовен форум – Скопје
  • Здружение на граѓани Центар за развој и унапредување на демократијата, медиумските и новинарски стандарди и слободата на изразување во Република Македонија 360 СТЕПЕНИ Скопје
  • Македонско лекарско друштво – Скопје

Конституенти:

Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и сл.); политички партии; граѓански организации лоцирани во Скопскиот регион; економски новинари и експерти лоцирани во Скопскиот регион.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас:

Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области

ОПИС НА АКЦИЈАТА

Акцијата е дизајнирана да ги адресира идентификуваните проблеми поврзани со:  недоволна свест кај засегнатите страни за важноста од промовирање кредибилни, реални и изводливи ветувања од политичките партии и нивното последователно доследно спроведување и  недоволна вклученост на граѓаните во идентификување на потребите и проблемите во четирите развојни области. Истовремено, акцијата е фокусирана на области кои се клучни за развојот на општеството, и тоа: образование, здравство, социјална заштита, економија и специфична целна група млади. Активностите се дизајнирани директно да влијаат на информираноста и свесноста на граѓаните за реалистичноста на дадените ветувања, но исто така да имаат и алатка за следење на имплементацијата на дадените ветувања. На таков начин, граѓаните може да влијаат врз притисокот за политичка отчетност. Индиректно, мапираните и приоритизирани политики за следење, дизајнираната интерактивна платформа се активности кои ќе креираат промени кои ќе ги почувствуваат и граѓаните на национално ниво.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Да промовира делиберативна демократија во реформите во клучните развојни области (социо-економски, образование и здравство) со фокус на млади, преку ангажман на различни чинители во процесот на приоритизација на реформи и поттикнување политичка одговорност преку следење на исполнувањето на политичките ветувања.

Специфични цели:

  • Да се идентификува во која мера политички дефинираните приоритети се во согласност со приоритетите на граѓаните.
  • Да се креираат докази за јазовите помеѓу политичките ветувања и потребите, и јазовите во реализација на политичките ветувања.
  • Да се поттикне политичка одговорност и зајакне свеста на граѓаните, преку следење на имплементацијата на политичките ветувањата користејќи го Економскиот Компас како дигитална алатка.

РЕЗУЛТАТИ

  • Идентификувани се приоритетите на граѓаните за реформи во четири развојни области: образование, здравство, социјала, економија со фокус на млади
  • Изградена е мониторинг рамка со идентификувани политички ветувања и стратешки поставени цели во четирите области и политиките за млади
  • Надградена е дигиталната алатка Економски компас, за следење на ветувањата во однос на имплементацијата во развојните области, и можност за интерактивен граѓански анганжман за идентификување на приоритетите
  • Медиумите и носителите на политиките го збогатуваат јавниот дискурс преку критичка, аргументирана и жива дебата за изводливоста, резултатите и трошокот на политичките ветувања во развојните области.

АКТИВНОСТИ

  • Делиберативно анкетирање – Анкети со најмалку 1000 испитаници за различни развојни аспекти: клучни проблеми, потреби, приоритети итн.
  • Тематски фокус групи со граѓани во Скопскиот регион
  • Рангирање на приоритетите, земајќи ги предвид потребите, големината на целните групи, економичноста и ефективноста
  • Поставување мерна рамка за следење на развојните цели и резултати со идентификувани политички ветувања и стратешки поставени цели
  • Делфи прашалник за постигнување експертски консензус за цели и резултати кои не се квантифицирани
  •  Следење на исполнувањата, собирање податоци и креирање докази
  • Подготовка на четири брифови за политиките
  • Надградба на онлајн платформата „Економски компас“со три дополнителни области (образование, здравство и млади)
  • Надградба на интерактивна алатка за граѓаните ветувања-очекувања
  • Панел дебата / Форум „ветувања-приоритети-имплемнетација “
  • Четири аналитички стории во емисијата 360 степени
  • Визуелни алатки видеа, графикони, инфографикони, ГИФ

ВЕБ СТРАНИЦА

https://www.financethink.mk

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор