Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино
Вкупен буџет: 5.600.000 МКД
Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година
Специфична тема: Социјална инклузија
Партнери:
- Здружение за заштита и унапредување на животната средина ЕКО-ЖИВОТ Кавадарци
- Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес
Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата и владините тела.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас:
Соочување со предизвиците и стигматизацијата
ОПИС НА АКЦИЈАТА
Во навигацијата низ сложеноста на справувањето со здравствените разлики за лицата со попреченост во нашето општество, прецизното разбирање на локалниот контекст е најважно. Овој дел ја истражува релевантноста на проектот за уникатните потреби и ограничувања во посочениот плански регион, но и во целото општество особено во здравствениот сектор. Понатаму, го истражува стратешкото усогласување со постојните иницијативи на Европската Унија (ЕУ), нагласувајќи ја синергијата и избегнувањето на дуплирање за да се обезбеди хармонизиран и влијателен пристап кон подобрување на здравствените резултати за лицата со попреченост во целтото општетво – почнувајќи од локално ниво.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Подобрена здравствена заштита на лицата за попреченост во сите три нивоа на здравствена заштита
Специфични цели:
- Едуциран медицински кадар за прифат и третман на лица со попреченост
- Воспоставен приоритет за лицата со попреченост во медицинските установи од сите три нивоа на здравствена заштита
- Финансиско олеснување за лицата со попреченост при здравствена заштита
РЕЗУЛТАТИ
- Изработена Платформа за пристапност
- Зголемен Бројот на лица со попреченост кои добиваат редовна здравствена заштита од едуцирани лекари: над 90 лица со попреченост од трите општини корисници на редовна здравствена заштита
- Изработен протокол за прифат и третман на лица со попреченост во процесот на пружање здравствена заштита
- Намалени трошоци за семејствата на лицата со попреченост при користење на здравствена заштита: 70% помали трошоци за медицински третман на лицата со попреченост
- Изработени совети за семејствата на лицата со попреченост
- Едуциран медицински персонал за прифат и третман на лица со попреченост
- Подигната јавна свест на медицинскиот персонал за правилен третман на лицата со попреченост
- Поднесена иницијатива за промена на Законот за социјална заштита
- Поднесена иницијатива за промена на Законот за здравствена заштита
- Подигната свест на јавноста за важноста на третманот на лицата со попреченост
- Реализиран еднодневнен Регионален настан во еден од партнерските градови: „Фестивал на пристапноста“
АКТИВНОСТИ
- Изработка на онлјан платформа
- Реализација на три тркалезни маси – семејства и организации на лицата со попреченост – наспроти медицински работници ( лекари и друг медицински персонал) – проблеми и искуства
- Изработка на едуктативни видеа
- Изработка на предлог протокол за опфат и третман на лицата со попреченост во процесот на пружање на здравствената заштита
- Изработка на инфо-табли за процесот на опфат и третман на лицата со попреченост во медицинските установи
- Изработка и дистрибуција на налепници „Пристапен Доктор“ (Р1.2)
- Изработени прирачници за семејствата на лицата со попреченост за користење на услугата “Пристапен Доктор“
- Реализација на три едукативни сесии за запознавање на медицинскиот персонал со протоколот за опфат и третман на лицата со попреченост (Р1.4)
- Изработка на профили на социјалните медиуми (Фејсбук и Инстаграм) за платформата „Пристапен Доктор“
- Испитување на јавното мислење (преку онлјан прашалник) за проблемите на семејствата на лицата со попреченост, како и на медицинскиот персонал при процесот на третман на лицата со попреченост
- Реализирање на анкета преку директен контакт со семејствата на лицата со пореченост во трите општини за проблемите и можните решенија при медицинскиот третман на лицата со попреченост
- Анализа на добиените резултати од онлјан прашалникот и анкетата и изработка на извештај за јавното мислење
- Тркалезна маса за презентација на резултатите од онлјан прашалникот и анкетата
- Две тркалезни маси – семејства и организации на Лицата со попреченост – наспроти социјалните работници и претставници на Локалните институции за социјална заштита – соочување на проблемите и предизвиците со кои се соочени ЛП– можност за креирање дополнителен Фонд за медицинска грижа за лицата со попреченост
- Поднесени иницијативи за измени и дополнување на Законот за социјална заштита и Законот за здравствена заштита
- Тркалезна маса на организациите со пратеници во Собранието за измени и дополнување на Законот за социјална заштита и Законот за здравствена заштита
- Еднодневен регионален настан во еден од партнерските градови: „Фестивал на пристапноста“