Асоцијација за демократска иницијатива – Гостивар
Вкупен буџет: 5.575.840 МКД
Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година
Специфична тема: Млади
Партнери:
- Здружение на граѓани Центар за едукација и развој Теарце
- Здружение Институт за лидерство и јавни политики, Тетово (Institute for Leadership and Public Policy)
- Асоцијација Институт за социјална промена-ИнСоК Тетово
Конституенти:
- Целна група на акцијата се младите луѓе, односно лицата од 15 до 29 години.
- Фокусот се младите од Полошкиот регион.
- Останати целни групи се граѓанските организации, неформалните групи, активистите, медиумите, бизнис заедницата, локалните власти (градоначалници, советници), локалните социо-економски совети и локалните институции од Полошкиот регион.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас:
Зајакнување на младите: поттикнување на граѓанскиот ангажман и претприемништвото во Полошкиот регион
ОПИС НА АКЦИЈАТА
Миграцијата на младите во Полошкиот регион е сериозен предизвик кој влијае на општествениот и економскиот развој на регионот што води кон намалување на работната сила, стареење на населението и намалена активност во заедницата. Граѓанскиот ангажман ќе придонесе да се адресираат причините за миграцијата кај младите од сите општини.Со креирањето на долгорочни политики и стратегии треба да се решат структурните проблеми кои влијаат на младите од Полог, а не само да се реагира на моменталните предизвици.Акцијата ќе понуди можности за вмрежување на младите од регионот, преку поттикнување да се вклучат во разни активности за зголемување на нивниот граѓанскиот ангажман и претприемништво. На овој начин на младите им се овозможува да станат активни учесници во заедницата и во регионот.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Подобрување на општествениот контекст во кој што функционираат младите од Полог особено во врска со свесноста за проблемот со миграцијата, поттикнување на нивен граѓански ангажман и претприемништво.
Специфични цели:
- Проценка на причините и состојбата со миграцијата на младите од Полошкиот регион.
- Јакнење на капацитетите на младите од Полог за нивен граѓански ангажман и идни претприемачки активности
- Унапредување на координацијата и трансферот на знаење помеѓу граѓанските организации и релевантни чинители, бизнис заедницата, локалните самоуправи за да се подигне свеста за проблемот на миграцијата и можностите за младите
РЕЗУЛТАТИ
- Утврдени специфични прашања за проблемот на миграцијата и предложени решенија вклучени во документ за јавна политики.
- Најмалку 190 млади од Полог со зајакнати капацитети за лидерство и претприемништво.
- Промовирани успешни приказни поврзани со граѓански активизам и претприемништво во Полог
АКТИВНОСТИ
- Истражување за причините и состојбата со миграцијата на младите од Полошкиот регион
- Јавни дебати за споделување на наодите од истражувањето
- Работилницa за локално граѓанско застапување
- Дводневна обука за 20 млади граѓански ангажман
- Дводневна обука на тема претприемништво и развој на практични лидерски вештини
- Отворени настани за вмрежување
- Спроведување информативна кампања
- Организација на заеднички настан за промоција на традиционалните занаети и вредности во Гостивар
- Организација на заеднички настан на граѓански организации, производители на храна во Теарце