Здружение за заштита на работничките права Гласен текстилец Штип
Вкупен буџет: 5.558.286 МКД
Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026
Специфична тема: Родова еднаквост
Партнери:
- Здружение ЕХО едукативно-хуманитарна организација Штип
- Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци Виница
Конституенти: жените и девојките од општините Штип, Виница и Делчево. Работнички од текстилната индустрија, жени претприемачки, жени во социјален ризик (жени жртви на насилство, жени и девојки од етнички заедници, жени со хендикеп), пензионерки, новинари од локални медиуми – дописници на националните медиуми, претставници на медиумите, локалната власт – градоначалници, вработени во јавната администрација, претставници од граѓанските организации, членови на општинските совети, општинските комисии и секторите во општините, студенти/ки и средношколци/ки.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас:
Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини
ОПИС НА АКЦИЈАТА
Родовата еднаквост е прашање чиј што одговор создава еднакво општество, во кое се распределуваат финансиските средства на многу поправеден и потранспарентен начин. Досегашната анализа покажува дека тие се уште се родово неутрални и не ги земаат предвид специфичните потреби на жените и мажите. За да се промени состојбата потребно е граѓанските организации да бидат препознаени во својата локална заедница, за да имаат успешна соработка со сите конституенти и да ја уживаат довербата во заедницата.
Предложени решенија и активности ќе донесат трансформативни промени преку промовирање на транспарентност, отчетност и интегритет во структурите на локалната власт. Ќе работиме на зајакнување на антикорупциските механизми, зајакнување на транспарентноста во процесите на донесување одлуки и поттикнување на родово одговорни политики и практики. Преку мобилизирање на жените и девојките, нивно зајакнување со знаења и вештини и олеснување на нивното активно учество во процесите на донесување одлуки, ние имаме за цел да создадеме порамноправно и инклузивно општество.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Мобилизација и развивање на критичко и независно мислење кај жени и девојки за активно учество во креирањето на локалните политики и преземање на активна улога во решавање на родово сензитивни проблеми во општините.
Специфични цели:
- Да се направи проценка на актуелните потреби и приоритети на жените и девојките во локалната заедница.
- Да се зајакнат капацитетите на жените лидерки и граѓанските активисти за активно учество во креирање и застапување на родово одговорни политики во општината.
- Да се оствари организирано влијание и притисок врз локалните власти за решавање на родово сензитивните проблеми во заедницата.
РЕЗУЛТАТИ
- Утврдени потреби и приоритетите на жените и девојките во локалната заедница
- Мобилизирани ,анимирани, едуцирани и мотивирани жени и девојки за креирање на родово сензитивни политики во заедницата
- Подготвени 3 родово буџетски иницијативи
- Подготвени информативни материјали -постери во вид на упатства со информативна содржина за начинот на истражување на потребите, мобилизација на жените, вклучување и лобирање за остварување на конкретни барања и иницијативи.
- Реализирани 3 локални форуми
- Реализирана 1 регионална конференција
АКТИВНОСТИ
- Проценка на локалните потреби и проблеми на жените и девојките од надлежност на општината
- Мобилизација, едукација и создавање на јадро на женски активистки, жени лидерки од партиите, раководителки од општините
- Подготовка, презентација и поднесување на 3 родово буџетски иницијативи, преку трите форуми во Штип, Виница и Делчево
- Промотивно-едукативни материјали и објави на социјалните мрежи
- Континуирана медиумска кампања преку социјалните мрежи и електронските медиуми
- Реализација на 3 граѓански форуми
- Една регионална конференција (за Источен регион)
- Подготовка на анкетен прашалник
- Теренско истражување (анкетирање)
- Анализа на прашалник и подготовка на извештај
- Подготовка на содржина и дизајн за промотивно информативни материјали за мобилизација на жени и девојки
- Реализација на 3 отворени информативни денови
- Работилница на тема: Можности и форми за учество на граѓаните во креирање на локални политики; Проценка на потреби на жените и девојките во општината
- Работилница на тема: Родова анализа и родово сензитивни политики; Родово одговорно буџетирање и родово буџетски иницијативи
- Работилница на тема: Застапување за родово одговорни политики и родово одговорен буџет
- Работни средби за подготовка на РБИ
- Презентација на 3 родово буџетски иницијативи пред релевантните чинители и медиумите
- Состаноци со градоначалник, координаторка за еднакви можности, претседател на совет, КЕМ, претставници на комисиите при Советот на општината
- Поднесени 3 родово буџетските иницијативи пред Советот на општините
- Подготовка печатење и дистрибуирање на информативно-едукативни постери – упатство со наслов „Чекор по чекор до усвојување на родово одговорен локален буџет“