Извиднички поречански одред КРСТЕ ЈОН – Струга
Вкупен буџет: 5.487.100 МКД
Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 август 2026 година
Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина
Партнери:
- Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар
- Здружение за заштита и одржлив развој на животната средина Регионален зелен центар Охрид
Конституенти:
- Деца и млади и тоа од предучилишна возраст, ученици во основното и средното образование од целниот регион на проектот, т.е. Струга, Охрид и Дебар; Локалните власти и носители на одлуки;
- Клучни корисници и заинтересирани страни се образовните установи како што се основните и средните училиштата, и детски градинки; родителите и старателите; локалните медиуми; локалните власти; приватниот сектор.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас:
Да учиме за климатските промени!!!
ОПИС НА АКЦИЈАТА
Климатските промени се резултат на човечката активност и последиците од нив имаат огромно негативно влијание врз луѓето, економијата и природата. Вклучувањето на младите, како најзасегната популација, во носењето на одлуки, нивна поддршка и поттикнување активизам по ова прашање, се критични за подигање на свеста и обезбедување на долгорочни одржливи решенија. Мерките насочени кон оваа целна група имаат потенцијал да ги намалат влијанијата од климатските промени кај голем дел од населението. Тие ќе развијат вештини кај голем сегмент од популацијата, што ќе се користат на долг временски период. Децата се една од најранливите групи на ефектите од климатските промени. На младите треба да им се овозможи системски пристап во процесите на носење одлуки и да се креираат можности за споделување на моќта со возрасните, за институционално влијание и креирање одговори за климатските промени. Југозападниот регион каде што ќе се спроведат активностите од овој проект е туристички регион каде што проблемите од климатските промени директно влијаат на развојот на туризмот и на регионот во целост. Затоа, со вклучување на младите во носењето на одлуки, нивна поддршка и поттикнување активизам по ова прашање ќе придонесеме кон подигање на свеста на граѓаните во целиот регион.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Да се придонесе кон намалување на штетните влијанија од климатските промени врз животната средина и луѓето, преку поддршка на пристап насочен кон децата и младите.
Специфична цел: Да се зголеми активното учество на младите како одговорни граѓани во справување со предизвиците од климатските промени и нивното влијание врз животната средина и човекот.
РЕЗУЛТАТИ
- Зголемена е свесноста помеѓу децата и младите за значењето на климатските промени и нивното влијание врз природата, човековиот живот и животната средина, преку едукативно-информативни кампањи, работилници и интерактивно учење.
- Зајакнати капацитети на младите за активно учество во процесите на планирање и носење на одлуки на локално ниво, поврзани со прашања за климатски промени и заштита на животната средина.
- Овозможени ресурси, знаење и поддршка за реализација на локални активности предводени од млади, што придонесуваат кон намалување на штетните влијанија врз животната средина.
АКТИВНОСТИ
- Развој и подготовка на едукативно-информативни материјали (брошури, постери и содржини за на електронски медиуми) за запознавање на децата од предучилишна возраст, во основно и средно образование, со концептот на климатски промени и неговите влијанија.
- Организирање на интерактивни, тематски работилници со деца во основно и средно образование, за подигање на свесноста и отворање на дискусија за климатските промени.
- Спроведување на едукативно-информативна кампања, преку социјалните мрежи (и/или во соработка со локалните медиуми), за промовирање на добри пракси, успешни приказни и споделување на информативни написи на тема климатски промени и нивните влијанија.
- Обука на млади од средно образование за јакнење на нивните комуникациски и презентациски вештини, за изразување на ставови, мислења и идеи поврзани со климатските промени.
- Градење на капацитетите за застапување и организирање на симулации за носење одлуки, каде младите ќе играат улоги за застапување во реални сценарија поврзани со климатски прашања.
- Воспоставување на локални младински инфо центри за прашања од областа на климатските промени и животната средина
- Реализирање на обука за подготовка и управување со проекти, за градење на капацитетите на младите од средните училишта, за развој и имплементирање на проекти од областа на животната средина.
- Овозможување на микро-поддршка за реализација на одбрани локални акции / проекти што се занимаваат со прашања од животната средина и придонесуваат кон намалување на штетните влијанија од климатските промени
- Организирање на регионален настан за промовирање на резултатите и постигнувањата од спроведените проектни активности на тема климатски промени и заштита на животната средина. Организирање на два пет дневни кампови за поддршка на проектните тимови предводени од млади, за да ги разработат нивните проектни идеи во спроведливи акции.
- Овозможување на микро-поддршка за реализација на одбрани локални акции / проекти што се занимаваат со прашања од животната средина и придонесуваат кон намалување на штетните влијанија од климатските промени за општините Струга, Дебар и Охрид во 2025 година.