Хуманитарно здружение МАЈКА Куманово
Вкупен буџет: 5.599.845 МКД
Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година
Специфична тема: Родова еднаквост
Партнери:
- Регионален центар за соработка СПЕКТАР – Крива Паланка
- Фондација за развој на мали и средни претпријатија- Куманово
- Регионален центар за одржлив развој – Кратово
Конституенти:
- Жени од селата: Речица и Пуковско (Општина Куманово); Кетеново, Туралево и Шлегово во (Општина Кратово) и Конопница, Дурачка Река и Градец (Општина Крива Паланка)
- Примарни корисници: жени членки на работните тимови од осум локални заедници (селата Речица, Пуковско, Кетеново, Туралево, Шлегово, Конопница, Дурачка Река и Градец)
- Главни актери: општините Куманово, Кратово и Крива Паланка
- Крајни корисници: жители на селата Речица, Пуковско, Кетеново, Туралево, Шлегово, Конопница, Дурачка река и Градец.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас:
Активни жени
ОПИС НА АКЦИЈАТА
Мобилизацијата и вклучувањето на жените ор рурални заедници во креирањето на локалните политики и полесниот пристап до пазарот на трудот – ќе придонесе во родово сензибилизирање на алатките за граѓанско учество, со цел да одговараат на потребите на жените од руралните заедници како и нивното потикнување и зајакнување за застапувачки акции. Истовремено жените ќе се информираат и за можностите на пазарот на трудот. Општините ќе изградат методологија за вклучување на жените од руралните заедници во планирањето и одлучувањето во нивните програми и буџети. Ова придонесува гласот на жените од руралните заедници, нивните потреби и интереси да се чујат, а со тоа политиките кои се развиваат и носат да одговараат на потребите, интересите и барањата на овие жени.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Примена на модели за учество на граѓаните во носење одлуки на локално ниво преку родово сензибилизирање на алатките за учество, со цел да одговораат на потребите на жените.
Специфични цели:
- Зајакнати рурални жени за самостојно делување и придонес во процесот на родово сензибилизирани политики при донесување на програмите и буџетите на Општините Куманово, Крива Паланка и Кратово.
- Зајакнати рурални жени за вклучување на пазар на труд.
- Воспоставени промени во работата на општините Куманово, Кратово и Крива Паланка во насока на воведување пракса за консултација со рурални жени.
РЕЗУЛТАТИ
- Развиена и спроведена теренска едукација на рурални жени за самостојна мобилизација, буџетска писменост, медиумско преставување и застапување
- Зајакнати рурални жени за вклучување на пазар на труд/или генерирање приходи/или искористување на мерки / политики за вработување
- Локалната самоуправа и други релевантни институции отворени за соработка во насока на инклузивно, транспарентно и родово одговорно планирање и буџетирање или обезбедување услуги.
АКТИВНОСТИ
- Координативни состаноци помеѓу партнерските организации
- Ангажирање на жени од секоја заедница за координација и мобилизација
- Подготовка на едукативен материјал
- Мобилизација на жените од локалните заедници
- Едукација на рурални жени за процесот на јавно застапување
- Развивање на застапувачки акции
- Доставување на барање до општината од секоја заедница, за вклучување во програмата и буџетот за 2025/26 и 2026/27 год.
- Едукација за следење на работата на ЕЛС и буџетска писменост
- Едукација за оспособување на рурални жените за презентациски вештини потребни за нивните идни застапувачки акции
- Организирање на јавен настан во заедниците
- Организирање на регионални средби
- Едукација на рурални невработените жени
- Мониторинг на програмата и буџетот на општините Куманово, Крива Паланка и Кратово
- Средба на рурални жени со градоначалници на општините
- Средби на рурални жени со претставници на општините
- Средби на рурални жени со претставници на локалните институции
ВЕБ СТРАНИЦА