9

Асоцијација за демократска иницијатива – Гостивар

Вкупен буџет: 5.575.840 МКД

Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година

Специфична тема: Млади

Партнери:

  • Здружение на граѓани Центар за едукација и развој Теарце
  • Здружение Институт за лидерство и јавни политики, Тетово (Institute for Leadership and Public Policy)
  • Асоцијација Институт за социјална промена-ИнСоК Тетово

Конституенти:

  • Целна група на акцијата се младите луѓе, односно лицата од 15 до 29 години.
  • Фокусот се младите од Полошкиот регион.
  • Останати целни групи се граѓанските организации, неформалните групи, активистите, медиумите, бизнис заедницата, локалните власти (градоначалници, советници), локалните социо-економски совети и локалните институции од Полошкиот регион.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас:

Зајакнување на младите: поттикнување на граѓанскиот ангажман и претприемништвото во Полошкиот регион

ОПИС НА АКЦИЈАТА

Миграцијата на младите во Полошкиот регион е сериозен предизвик кој влијае на општествениот и економскиот развој на регионот што води кон намалување на работната сила, стареење на населението и намалена активност во заедницата. Граѓанскиот ангажман ќе придонесе да се адресираат причините за миграцијата кај младите од сите општини.Со креирањето на долгорочни политики и стратегии треба да се решат структурните проблеми кои влијаат на младите од Полог, а не само да се реагира на моменталните предизвици.Акцијата ќе понуди можности за вмрежување на младите од регионот, преку поттикнување да се вклучат во разни активности за зголемување на нивниот граѓанскиот ангажман и претприемништво. На овој начин на младите им се овозможува да станат активни учесници во заедницата и во регионот.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Подобрување на општествениот контекст во кој што функционираат младите од Полог особено во врска со свесноста за проблемот со миграцијата, поттикнување на нивен граѓански ангажман и претприемништво.

Специфични цели:

  • Проценка на причините и состојбата со миграцијата на младите од Полошкиот регион.
  • Јакнење на капацитетите на младите од Полог за нивен граѓански ангажман и идни претприемачки активности
  • Унапредување на координацијата и трансферот на знаење помеѓу граѓанските организации и релевантни чинители, бизнис заедницата, локалните самоуправи за да се подигне свеста за проблемот на миграцијата и можностите за младите

РЕЗУЛТАТИ

  • Утврдени специфични прашања за проблемот на миграцијата и предложени решенија вклучени во документ за јавна политики.
  • Најмалку 190 млади од Полог со зајакнати капацитети за лидерство и претприемништво.
  • Промовирани  успешни приказни поврзани со граѓански активизам и претприемништво во Полог

АКТИВНОСТИ

  • Истражување за причините и состојбата со миграцијата на младите од Полошкиот регион
  • Јавни дебати за споделување на наодите од истражувањето
  • Работилницa за локално граѓанско застапување
  • Дводневна обука за 20 млади граѓански ангажман 
  • Дводневна обука на тема претприемништво и развој на практични лидерски вештини
  • Отворени настани за вмрежување
  • Спроведување информативна кампања
  • Организација на заеднички настан за промоција на традиционалните занаети и вредности во Гостивар
  • Организација на заеднички настан на граѓански организации, производители на храна во Теарце

ВЕБ СТРАНИЦА

               www.adimacedonia.org

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор