ЗДРУЖЕНИЕ НА БИЗНИС ЖЕНИ
Објавено: 02/03/2016
Здружението има за цел да обезбеди поврзување на бизнис жените на локално, регионално, национално ниво и на меѓународен план со цел развој на сопствен бизнис, презентирање на различните можности и потреби и на таа основа идентификување и користење на расположливи странски и домашни ресурси (партнери, знаење, нови пазари, капитал, технологија, вмрежување и сл.)
Визија: Здружението на бизнис жени претставува специфичен и компетентен партнер во дијалогот на државниот, невладиниот и приватниот сектор, што придонесува за социјален и економски развој , со посебен акцент на женското претприемништво како фактор на економскиот раст.
Мисија: Здружението на бизнис жени има водечка улога во организирање на дијалог и соработка помеѓу деловните жени, со цел да се обезбеди поддршка и промоција на жените претприемачи во Македонија. Здружението е активно ангажирано во застапувањето за подобрување на бизнис климата и во поттикнувањето на вмрежување на локално, регионално и меѓународно ниво.
Конституенти
Жени претприемнички, како и жени поддржувачи и/или жени на менаџерски позиции кои што покажуваат интерес за здружување заради постигнување на резултати во бизнисот, економско јакнење на жената, развојот на сопствените проекти и проектите на здружениетo
Наслов
Состојбата на жените во претприемништвото во РМ
За што е потребна акцијата
Здружението на бизнис жени, заедно со GTF и SEECEL, Министерството за економија и со проф. С.Сингер, активно работи на креирање на Стратегијата за женско претприемништво за РМ. Податоците од ова истражување се неопходни и ќе бидат искористени при согледувањето на реалните состојби и ќе придонесат Националната стратегија за развој на женското претприемништво (2016-2020) да добие точни појдовни податоци.
Цели и резултати
Цел
Целта на истражувањето е дефинирање на состојбата и влијанието на актуелната политика за женско претприемништво, за да се креира објективна Стратегија, со крајна цела – да се зголеми бројот на жени претприемнички и да се влијае на вработеноста и економската состојба на жените генерално.
Резултати
- Осознавање на перцепциите на целната група и на реалните проблеми
- Проценка на влијанија/резултати од тековните политики и потребите на жените претприемнички
- Добиените податоци ќе бидат основа за перцепцијата на сегашната ситуација на женското претприемништво во РМ, како и основа за разработка на Стратегијата за женско претприемништво на РМ, на која веќе се работи
Активности
- Квантитативно истражување со 1024 прашалника и анализа со СПСС 2.0
- Квалитативно истражување, преку интервјуа, во 5 општини, со 25 успешни жени претприемнички
- Спојување на анализите од двете истражувања во извештај за перцепциите во земјата
- Округли маси во 5 општини (со претставници од локалната самоуправа, носители на проекти од тој регион и ГО, поврзани со темата на родови прашања, женско претприемништво или општо- претприемништво и економија)
- Финализирање на акцијата – Изработка на краен документ од истражувањето за состојбите на женско претприемништво, со препораки за идни корекции во политиките и пристапот кон прашањето за женско претприемништво
- Промовирање на претставници, како focal points во градовите каде ќе биде спроведено истражувањето, за идни клубови, понатаму и организации на жени претприемнички, преку кои ќе се пренесува идејата, ќе се влијае на менталитетот, ќе се развива членството
- Градење на Стратегијата, реална и релевантна за женското претприемништво во РМ
Буџет
382.000,00 МКД