Центарот за применети знаења и креативен развој – „Прима центар“ Скопје е здружение на граѓани кое го артикулира креативниот потенцијал во земјава и придонесува за негово поттикнување, насочување и примена.

Самите основачи своевремено беа целната група на која се однесува делувањето на Прима центарот. Чувствувајќи го јазот кој настана после нивното дипломирање, кога се со најголем креативен потенцијал, а условите се уште не овозможуваа нивно вработување, основачите ја препознааа потребата од артикулација на својот креативен потенцијал и формираа организација преку која ќе можат да делуваат преку размена на идеи, проекти и искуства.

Целната група е вклучена во планирањето и одлучувањето за активностите на Прима центар Скопје, преку организирање на различни форми на собири, преку кои на интерактивен начин се дознава за потребите, желбите и воопшто состојбите кај граѓаните и се прават планови за нивно вклучување во проектните активности.

Конституенти

Планинари, туристи, екологисти, извидници, музичари и јавни личности, пожарникари, комунални претпријатија, шумари, Црвениот крст.

Наслов

Шумски свирачи – за чисти и зелени планини и езера

За што е потребна акцијата

По планинарските патеки на Водно и други рекреативни места расфрлани се пластични шишиња и друг ситен отпад. Со оглед на тоа што патеките се тешко достапни за обичните комунални работници, најефикасно е планинарите кои секојдневно се рекреираат таму,  во неколку акции да го собираат отпадот.

Цели и резултати

Цел

Собирање на пластичен и друг ситен отпад по тешко достапните планински патеки, едукација на новите посетители за чување на своето ѓубре во ранец, активно учество на познати музички имиња и планинари за поттикнување на планинарите  и јавноста за вообичаена еколошка култура кога се престојува во природа.

Резултати

  • Промена на еколошката култура кај посетителите кога престојуваат во природа и планина и чистење над 40 планинарски патеки;
  • Единствена културна инсталација и комуникација со јавноста преку настапот на музичките ѕвезди на планинарските патеки;
  • План за комунална поставеност на канти и организација на рестораните и хотелите кои имаат свои објекти на планината за поедноставно собирање на отпад;

Активности

  1. Акција за чисти и зелени планини- Шумски свирачи Водно
  2. Акција за чиста и зелена Матка Шумски свирачи
  3. Акција за чисти и зелени планини -Шумски свирачи Крушево
  4. Информации до медиумите и музички прес конференции.
  1. Изработка на песна и музички настап на Јаков Дренковски „Матка те вика“.

Буџет: 380.000 МКД

Времетраење: 1.7.2018– 4.9.2018