Левичарско движење – Солидарност
Објавено: 01/03/2016
Вкупен буџет: 4.561.064
Времетраење: 01.4.2015 – 31.3.2018
Левичарското движење „Солидарност“ е активистичка организација која се залага за хуманизација на сите сфери во опшеството, социјална правда, унапредување на работничките права партиципативна демократија и родова рамноправност. Левичарското движење „Солидарност“ обединува луѓе кои се против сите авторитетни форми на владеење и нивните системи за експоатација, како и против национализмот, милитаризмот и клерикализмот.
За остварување на овие цели Организацијата е отворена за сите граѓани кои сакаат да земат учество во остварувањето на вредностите за кои се застапува левицата.
Организацијата ке се залага за партиципативно и антиавторитарно општество, поради што и ќе ги применува принципите во делување и сопствената организациска поставеност.
Конституенти
Конституенти на Солидарност се прогресивни интелектуални слобоумни луѓе кои ги делат вредностите на солидарност, истражувачи од различни области на опшествените и природните науки, вклучително и голем број на доктори на науки, професори и магистри, невработените, загрозените и маргинилизирани заедници и граѓани, оние кои немаат пристап до јавните добра и институции, работниците од приватниот и јавниот сектор.
Претходно искуство/проекти
Во својата работа, Солидарност им дава приоритет на:
- социјалната правда заснована на унапредување на работничките и социо-економските права на граѓаните како предуслов за намалување на класната раслоеност и сузбивање на сиромаштијата;
- Суштинските економски промени, засновани врз премисата дека луѓето не треба да му робуваат на капиталот, туку капиталот да биде во служба на граѓаните.
- Принципот на демократско и слободно здружување и одлучување, слободата за политичко делување и рамноправноста на граѓаните, без разлика на нивната родова, етничка, верска и останата припадност.
- Принципот на солидаризирање кој се заснова врз заемна почит, другарство и свест за општествена припадност и одговорност во заедница на различности.