ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ ВЕЛЕС
Објавено: 04/10/2017
Мисијата на Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ од Велес е да придонесе во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот завет и закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството.
Визија на извидничкото движење во Македонија е да стане современо, атрактивно и самоодржливо и да обединува млади луѓе преку неговите привлечни и динамични работни активности.
Цел на извиднички одред „Димитар Влахов“ е да придонесува во развојот на младите луѓе во достигнувањето на нивните потполни физички, интелектуални општествени и духовни можности како поединци, како одговорни граѓани и како членови на нивните локални и национални заедници, како и меѓународната заедница.
Конституенти
Млади на возраст од 18 до 29 години (директни 100 учесници), институции на локално ниво, млади од локалната средина итн.
Наслов
МЛАДИТЕ ВО АКЦИЈА
За што е потребна акцијата
Согласно школската подготовка, состојба 31.12.2016 година, во Велес има вкупно 3656 млади на возраст од 18 до 29 години, од кои без образование и со основно образование се 1525, 571 со непотполно средно образование, 1110 со завршено средно образвание, 51 со вишо образование, 372 со високо образование, 25 магистри на науки и двајца доктори на науки. Постои голема невработеност кај младите по завршувањето на средното образование. Тие немаат знаења и вештини, а ни финансиски средства за отварање на сопствен бизнис.
Цели и резултати
Цел
Зајакнување на влијанието на граѓанското општество во унапредување на условите за развој на вработувањето на младите во Велес и Чашка преку партиципативна демократија.
Резултати
- Институционализација и развивање на методологија за создавање на форми на вработување и претприемништво кај младите од Велес и Чашка
- Зголемен и квалитетен интензитет на економски активности за млади од Велес и Чашка
- Намалување на невработеноста на млади до 29 години преку развивање на мали семејни бизниси во Велес и Чашка
- Зголемен и квалитетен интензитет на претприемнички активности на младите до 29 години од Велес и Чашка
- Обучени млади претприемачи до 29 години кои што се оспособени за развивање и имплементација на младински бизнис сектор во локалната средина во Велес и Чашка
- Претприемнички активности за млади до 29 години и осовременување на постоечките младински бизнис активности, преку обучените претприемачи во Велес
- Креирана и издадена брошура „Профил на Велес и Чашка“ (со информации за состојба, финансиски институции, водич за изработка на бизнис план и примери од веќе добиени позитивни практики за бизнис план)
- Зголемен и квалитетен интензитет на претприемачки активности за млади и од млади од Велес и Чашка
- Промоција на претприемништвото во Велес и Чашка.
Активности
- Одржување три прес-конференции
- Прибирање на податоци „Профил за Општина Велес и Чашка“ со информации податоци за состојба население, миграции, стопанство,невработени лица и информации за финансиски институции кои функционираат за поддршка на претприемнштвото, водич за изработка на бизнис план и примери од веќе добиени позитивни практики за бизнис план
- Техничка подготовка и печатење на Профил на Велес и Чашка
- Организирање на тродневна обука, камп на тема- Бизинс план и успешни приказни
- Организирање на три еднодневни форуми Б2Б средби
- Телевизиски преставувања на К1 ТВ, дебатни емисии
- Медиумска кампања
Буџет: 395.600 МКД
Времетраење: 5.7.2017 – 4.12.2017