Евро-атланскиот совет на Македонија (ЕАСМ) е невладина организација формирана 1997 година во Скопје, која во своето дејствување ги покрива евро-атлантските интеграции и промоцијата на евро-атланската идеја и вредности во нашето општество. ЕАСМ обединува луѓе од најразличен национален, политички, интелектуален и деловен профил, а остварува и блиска соработка со државните институции, особено со Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана, НАТО канцеларијата во РМ, секторот за евроинтеграции при Владата на РМ, Кабинетот на Претседателот на РМ, НВО, фондации, медиумите како и дипломатските претставништва во земјата. Во поширок контекст, ЕАСМ преку своите активности промовира целосна поддршка на демократијата, човековите права, граѓанското општество и владеењето на правото во Република Македонија.

Конституенти

Институциите, граѓаните од сите етнички заедници и сектори во Република Македонија.

Наслов

ВЛИЈАНИЕТО НА ЕВРО-ИНТЕГРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ ВО НАСОКА НА МЕЃУЕТНИЧКИТЕ ОДНОСИ

За што е потребна акцијата

Од прогласувањето на својата независност и формирањето на првите независни институции, Република Македонија има мултиетнички парламент и мултиетничка влада. Интеграција на Република Македонија во евро- атлантските структури е во директна корелација со меѓуетничките односи. Огромното мнозинство на политички и социјални фактори во земјата, како и на јавното мислење на неколку спроведени анкети наведува дека интеграцијата позитивно ќе влијае во подобрувањето на состојбата и понатамошниот развој на меѓуетничките односи. Главниот поттик за проектот е да се зајакне јавната свест во земјата и да се презентираат добрите примери за други меѓуетнички земји. Социјалните и економските аспекти во Република Македонија во услови на глобална економска криза и процесите на интеграција во евро-атлантските може да биде моќен столб на меѓуетничкото здружување и организирање на локално, регионално и национално ниво, како и можна алатка за побезболно надминување на економската криза во Република Македонија.

Цели и резултати

Цел

Зајакната свест за улогата на евроатланските интеграци во меѓуетничкото здружување и организирање и во надминувањето на економската криза

Резултати

  • Проверка на нивото на влијание на процесот на интеграција врз целната група;
  • Влијание и подигање на јавната дебата на оваа тема на повисоко ниво;
  • Потенцирање на важноста на евро-атлантските интеграции

Активности

  • Промоција на проектот
  • Конференција за почеток на проектот (Скопје)
  • Истражување (спроведено преку телефон и web сајт анкети насочени кон целната група на проектот)
  • Организирање на семинари (работилници) во: Скопје, Тетово, Струга и Струмица/Штип)
  • Издавање на брошура и промотивни материјали и нивно предавање до Владата на Република Македонија и другите надлежни министерства и институции.

Буџет

384.990 МКД