ЦЕНТАР ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ (ЦИКП)
Објавено: 16/08/2016
Основана во 2004 година, како здружение на граѓани (НВО), ЦИКП се ангажира во анализа на политиките, барајќи да го отвори процесот на креирање политики на граѓаните, да ги подобри законите, да ги процени институционалните капацитети за нивна имплементација, како и да мониторира и евалуира колку овие политики создаваат јавна вредност и/или се насочени кон „европеизацијата“ на Република Македонија. ЦИКП испорачува обуки, прави проценки на донаторски програми во Македонија и во регионот и спроведува анкети на јавното мислење. ЦИКП е организација која има мисија да го промовира доброто владеење и развој на Македонија врз основа на истражување на јавни политики засновано на конкретни докази, градење на капацитети, обуки, оценки, анализи и анкети, независно од интересите на одредени интереси (политички, социјални или економски) на одредена група во општеството. Визијата на ЦИКП е да прерасне во најголем и највлијателен Балкански тинк танк кој нуди темелни анализи и совети и гради способност да влијае на политичката агенда во Македонија и во поширокиот регион на Југоисточна Европа. Притоа нудејќи широка палета на истражувачки ресурси (дата бази, книги, артикли, колумни, интернет ресурси и друга логистичка поддршка) на индивидуални истражувачи, професионалци, новинари, студенти, граѓански организации и други заинтересирани страни.
Конституенти
Конституенти се пред се граѓаните на Република Македонија, а потоа и различните ранливи групи (етнички малцинства, жени и млади, невработените), граѓански организации, синдикати, стопанските комори, мрежи на невладини организации и платформи, итн.
За проектот што е поддржан од Цивика
Унапредување на граѓанското општество и промовирање на принципите на добро владеење преку воведување на системи за квалитет во управувањето во граѓанските организации
За што е потребна акцијата
Наодите на Цивикус-Индексот на граѓанското општество издвојуваат неколку битни слаби страни кои што треба да се адресираат за да се овозможи понатамошен развој на граѓанското општество во Македонија. Такви се: непрепознавањето на членовите на граѓанските организации како модели за следење; недоволната вклученост и ангажираност на граѓаните во активностите на граѓанските организации и недоволната посветеност на односите со нивните членови. Овој проект настојува да развие систем за квалитет во управувањето кој што ќе биде прифатен од грантистите на Цивика мобилитас, а потоа и од другите граѓански организации во Македонија. Процесот на развивање на ваков модел ќе ги земе предвид искуствата на другите земји и особеностите на македонското граѓанско општество.
Цели и резултати
Општа цел: Унапредување на граѓанското општество и промовирање на принципите на добро владеење преку воведување на системи за квалитет во управувањето во граѓанските организации.
Специфична цел: Воведување на систем за квалитет во управување во граѓанските организации кои што преку стандардизација на процесите во управувањето ќе придонесат за зголемување на транспарентноста, отчетноста и ефикасноста во граѓанскиот сектор.
Резултати
- Развиен систем за квалитет во управувањето (СКУ) за граѓанските организации по мерка, кој што ги зема предвид специфичноста, потребите и контекстот на граѓанското општество во Македонија, заснован на принципите на добро владеење;
- Граѓанските организации во рамки на Цивика Мобилитас имаат повисока вредност во димензиите на ИГО „практикување на вредности“, и „ниво на организација“, во аналитичкиот извештај на ИГО (2018) како резултат на воведувањето и практикувањето на системот за квалитет во управување;
- Зајакнати капацитети на граѓанските организации за воведување на СКУ.
Активности
- Формирање работна група од претставници на граѓанските организации;
- Идентификување на потребите на граѓанските организации за подобрување на квалитетот на управување преку прашалник за проценка на потребите;
- Работилници (3) за развивање на модел на систем за квалитет во управувањето;
- Водич за спроведување на системот за квалитет во управувањето заснован на најдобри практики;
- Мониторинг и евалуација на спроведувањето;
- Тркалезна маса со претставници од ГО за идентификување на предизвиците и решенија за нивно надминување при спроведување на СКУ;
- Градење на капацитети за воведување на СКУ;
- Промотивна кампања за примена на СКУ од страна на ГО.
Буџет
2.639.904 MKD
Период на спроведување
1.04.2016 г.- 31.03.2018 г.