Цивика мобилитас објавува повик за доделување партнерски грантови [ЦМ-ПГ-2]
Пријави можат да поднесат:
- Граѓански организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации
- Други невладини, непрофитни, граѓански здруженија регистрирани согласно Законот за научно-истражувачка дејност.
Во овој повик за грантови за граѓански ангажман, пријавите МОРА да имаат еден носител и најмалку ЕДЕН партнер. Апликантите на овој повик ќе се сметаат за подобни, доколку испратат само една пријава во било која улога(било како носител или како партнер).
Тековните добитници (носители и партнери) на партнерски грант (ЦМ-ПГ) и на грант за граѓански ангажман (ЦМ-ГГА) немаат право да се пријавуваат на овој повик за грантови.
Аплицирање
Носителот и партнерот мора да се регистрирани на платформата: www.grants.mk (Преземи Водич за креирање профил). По регистрацијата, само апликантот НОСИТЕЛ треба да се пријави на овој повик за предлози и да ги прикачи пополнетите документи: пријава и прилози. Апликантот НОСИТЕЛ мора да го додаде партнерот/ партнерите (со нивниот/те единствени матични броеви и нивната е-пошта) кои ќе треба да го потврдат партнерството преку конфирмација која ќе биде побарана на нивната е-пошта (внесена при регистрација на платформата). Оваа потврда ќе се смета за доказ за Изјава за партнерство.
Процесот за аплицирање е он-лајн. Овој повик за предлози се состои од Водич за апликанти и Образец ПРИЈАВА со прилози (преземи Водич за апликанти); (преземи Пријава и прилози). Комисијата за избор на грантови (КИГ) ќе ги оцени и избере потенцијалните грантисти врз основа на нивните пријави.
Во овој повик за предлози приоритетот е ставен на апликантите кои сакаат да ги здружат своите капацитети и преку заеднички напори, да постигнат позитивни промени водејќи се од меѓусебно дефинирани приоритети и фокусирајќи се на предвидените теми/ области. Предложените активности треба да придонесат кон целите и приоритетите на овој повик:
- Овозможувачка околина за развој на граѓанско општество
- Социјална кохезија
- Родова еднаквост
- Унапредување на дигитална трансформација
- Борба против корупција и истражувачко новинарство
- Зелени иницијативи
Времетраењето на активностите треба да биде помеѓу 10 и 12 месеци. Големината на побараниот грант треба да изнесува најмногу 3.000.000 денари. Организациите може да поднесат само една пријава на овој повик – во улога на носител или на партнер.
Краен рок за поднесување на пријавите е 15 октомври 2025 г. до 13:00 часот.
Апликантите ќе бидат известени преку е-пошта за приемот на нивната комплетирана пријава. Цивика мобилитас нема да ги прифати пријавите пратени по редовна пошта или лично доставените пријави.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: helpdesk@civicamobilitas.mk најдоцна до 6 октомври 2025 г. Предметот на пораката треба да ја содржи референтната ознака за овој повик: ЦМ-ПГ-2. Прашања може да бидат поставени и преку веб-страницата на Цивика мобилитас.
ПРЕЛИМИНАРНА ВРЕМЕНСКА РАМКА
Отворање на повикот за предлози | 15 септември 2025 г. |
Информативни сесии | 23/25/.09 и 03.10 2025 г. |
Краен рок за поднесување на пријави | 15 октомври 2025 г., 13:00 ч. |
Одлука на Комисијата за избор на грантови | ноември 2025 г. |
Известување на избраните апликанти и одбиени апликанти | ноември-декември 2025 г. |
Потпишување договори |
ИНФОРМАТИВНИ СЕСИИ
Цивика мобилитас ќе одржи три информативни сесии за овој повик за предлози. Прелиминарниот распоред за овие информативни сесии е:
Град | Локација | Датум | Време |
Струмица | Europe House Струмица (локација) | 23.09.2025 | 12:00 |
Тетово | Europe House Тетово (локација) | 25.09.2025 | 12:00 |
Скопје | Граѓански ресурсен центар (локација) | 03.10.2025 | 12:00 |
