Основната цел на проектот „Мрежа 23“, што го реализираа Институтот за европска политика – Скопје, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Центарот за управување со промени, е структуиран придонес на граѓанското општество во следењето и во оценувањето на политиките опфатени со Поглавјето 23 – правосудство и темелни права. Преку проектот, на транспарентен начин, беа доделени десет грантови на други граѓански организации, што спроведоа истражувања и други активности како придонес кон ефективно следење и оценување на политиките опфатени со Поглавјето 23 од пристапувањето во ЕУ. Како краен продукт од таквите истражувања, беа изработени документи за јавна политика, со препораки за
надминување на утврдените проблеми.