Овој труд ги содржи моите првични сознанија и размислувања во врска со процесот што доведе до стапување во сила на новиот закон за прекинување на бременост (скратено: закон за абортус) во Република Македонија во 2013 година. При разработувањето на оваа студија на случај и проучувањето на службени документи и медиумски записи, го следев еден од принципите на Чарлс Тили (Charles Tilly, 2007:60) за опишување на демократија, демократизација и дедемократизација: „Фокусирајте се на набљудување на интеракциите помеѓу граѓан(к)ите и државите…набљудувајте што се случува кога групи на граѓан(к)и поставуваат барања до државните службенички/ци и кога државните службеници/чки сакаат да ги спречат своите непријател(к)и и ривал(к)и“. Тврдам дека ова донесување на закон е типичен пример на вознемирувачкото фактичко укинување на и онака ранливата демократија во повој во Македонија.