Земајќи ги предвид интересите на потрошувачите, Европската заедница ја усвои првата програма за заштита на потрошувачите во 1975 година, преку која се идентификуваа петте основни потрошувачки права, а тоа се: Правото на заштита на здравјето и безбедноста; Правото на заштита на економските интереси на потрошувачите; Правото на надомест на штета; Правото на информирање и едукација; Правото да бидат претставени интересите на потрошувачите.