Водичот за обврските на граѓанските организации во случај на надворешна даночна контрола од страна
на Управата за јавни приходи содржи опис на обврските на граѓанските организации кои произлегуваат
од законите со кои се уредуваат даноците и даночната постапка. Водичот има за цел да ги запознае
претставниците на граѓанските организации на јасен начин со законските обврски кои тие се должни да
ги исполнат како исплаќачи на персоналниот данок на доход како и со правата и обврските во случај на
надворешна даночна контрола.