Водичот содржи опис на правната уреденост на претходната кривична постапка, како една од фазите низ кои се спроведува кривичната постапка. Водичот има за цел на јасен начин да ги запознае претставниците на граѓанските организации со карактеристиките на предистражната и истражната постапка, разликите меѓу нив, овластувањата на јавното обвинителство и полицијата, како и со гаранциите за фер постапка.