Светот во кој живееме е обликуван од технологијата. Граѓаните сè повеќе ги користат телефоните и компјутерите за социјализација, онлајн-купување, комуникација, раководење со финансиите, закажување лекарски преглед, информирање итн. Во овој контекст, воопшто не треба да нè изненадува тоа што граѓаните очекуваат да го добијат истиот однос од локалните самоуправи. Тие сакаат да се информираат, да испратат барање и да бидат услужени користејќи интернет. Граѓаните очекуваат од локалните власти да бидат присутни и на социјалните мрежи и тие брзо да одговараат на нивните барања и да бидат отчетни и
транспарентни за прашањата што ги засегаат.