Основните документи за човековите права го потенцираат правото на сите граѓани да партиципираат во политичкиот живот на нивните општества144, што е, пак, суштина на демократијата. Примарно, смислата на демократијата е во можноста секоја единка, директно или преку избрани претставници, да партиципира во креирањето одлука од која е ѝ самата непосредно засегната; второстепеното значење се согледува во преовладувачката волја на мнозинството. Иако најчесто демократијата се поврзува со одржување слободни и фер избори, сепак тоа не доволен услов за некоја држава да се смета за демократска.