Уметноста на преживувањето
Социјалната заштита и социјалната држава многу години беа во фокусот на академскиот свет, креаторите на политики, граѓанските организации (НВОи) и на активистите. Како вистинско борбено поле меѓу моќта и принципите, потребите и приоритетите – социјалната заштита беше изучувана од повеќе перспективи – од перспектива на донесувачите на политики, меѓународните финансиски институции, НВОите, адвокатите и академиците што работат во областа човекови права, актерите кои се занимаваат со развој, со безбедност, итн. Листата е предлога за да се споменат сите. Само неколку студии за социјалната заштита се спроведени од корисничка перспектива. Тие во голема мера се фокусираат на квантификација на потребите и
се раководени од прашањата што произлегуваат од постојните системи во обид да се направи нивна проценка со силен едностран пристап, кој подразбира фокус на одвојување на корисниците (на пример, да биде консултиран/а бидејќи е жена, или припадник на немнозинска група, или лице со попреченост). Всушност, вака се скроени повеќето студии кои се однесуваат на социјалната заштита.