Децентрализацијата на власта во принцип треба да произведе две суштински придобивки: донесување на одлуките на ниво коешто е поблиску до граѓаните, како и подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните. Децентрализацијата во областа на здравството треба да биде водена од тие два принципа. Во Република Македонија, и покрај започнатиот процес на децентрализација во одредени сегменти, во здравството сè уште државата е главниот носител на одговорноста во здравствениот систем.