Цивика мобилитас е програма за поддршка на граѓанското општество чија втора фаза заврши на крајот на 2018 година. Акцентот беше ставен на поддршка која ќе им помогне на граѓанските организации подобро да се поврзат со граѓаните и да ги промовираат граѓанските вредности, како и да донесе позитивни општествени промени. Граѓанските организации добија грантови, менторство и можност за учење.

Во текот на програмата беа поддржани 232 проекти на 198 организации, кои се реализираа во 38 општини. На крајот на втората фаза, беше подготвена брошура со најзначајните постигнувања на овие организации и нивните импресивни стории.