Администрирањето на правдата преку антидискриминациското право, како во националните законодавства, така и во рамки на правниот супранационален систем на Европската унија (ЕУ), се темели на неколку основи: првично потенцирајќи ја Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) и придржувањето
кон неа од страна на сите држави-членки на Европската унија и од страна на државите-членки на Советот на Европа (СЕ), и понатаму, земајќи ги предвид антидискриминациските директиви на ЕУ. Оттука „европско право за недискриминација сугерира постоење на единствен систем на правила за недискриминација ширум цела Европа.