Високата невработеност и ниските плати во Македонија, ги принудуваат многуМакедонци да бараат работа  во странство, дури и во високо ризичните воени подрачја како што се Авганистан и Ирак. Во Студијата за детерминантите и трендовите за приватните трансфери кон Македонија, што ја изработи ЦЕА во 2008 година многу прецизно е предвидено дека од година во година бројот на лица што заминуваат во странство ќе биде се поголем, а тековните трансфери ќе достигнат ниво од околу 22% од БДП во 2011 година. Спротивно на очекуваањата дека за време на светската економска криза ќе дојде до намалување на приватните трансфери во Македонија, поради зголемената нвработеност во развиените земји, приватните трансфери растеа за целиот периодот на светската економска криза, достигнувајќи рекорден износ од околу 1.5 милијарди евра. Споредено со странските директни инвестиции, приватните трансфери се околу 5 пати поголеми и претставуваат еден од најзначајните извори на средства за голем дел од македонските домаќинства.