Невозможно е функционирање на демократските процеси во кое било општество без правото на слобода на
изразување. Луѓето ја искажуват мислата преку говорот, пишуваат романи, новинарски написи, поезија, сатира, цртаат цртежи, прават фотографии, карикатури, создаваат музика, глумат, сликаат графити, прават скулптури, комуницираат преку интернет. Сите овие форми на изразување му помагаат на човекот да ја преточи мислата во израз. Колку е подемократско општеството, толку е поголема слободата на изразување бидејќи толеранцијата, почитта кон искажаното и кон индивидуалните мислења се едни од најважните елементи за напредок. Токму од тие причини, правото на слобода на изразување, иако не спаѓа меѓу правата кои имаат апсолутна заштита со Конвенцијата, зазема централно место меѓу конвенциските права.