Проектот е насочен кон развој, тестирање и оценување на општествено оригинален пристап за борба против социјалното исклучување на младите луѓе во рурални заедници во Бугарија, Романија и Македонија со посебно внимание на младите луѓе од маргинализираните ромски заедници. Проектот претпоставува дека причини за социјално исклучување не се само сиромаштијата и недостигот на демократски традиции, но исто така и отсуството на социјални структури во рамките на локалните заедници. Проектот промовира развој на Центри за поддршка во заедница и други оригинални форми на социјални услуги во маргинализирани рурални ромски заедници. Во рамките на проектот ќе бидат основани и методолошки поддржани 4 центри за поддршка во заедница во Бугарија, 1 во Романија и 1 во Македонија.