Прирачник за правата на потрошувачите по предметот вештини за живеење
Информираноста и едукацијата на потрошувачите е особено важен дел од нивната севкупната едукација. Се претпочита терминот потрошувачка едукација отколку информирање, бидејќи информирањето за разлика од едукацијата не бара голема ангажираност на интелектуално и емоционално ниво. Потрошувачката едукација развива способности да се направи добар потрошувачки избор, помага при донесувањето на ефикасни потрошувачки одлуки, свесно поставување приоритети, во насока кон подобрување на секојдневниот живот на одржлив начин. Оваа едукација не треба да се насочи кон пренесување на економски поими, објаснување како функционира пазарното стопанство, формирањето на цените и сл.