Прирачник за обука на медијатори за обновување на знаењата за медитација
Институтот за европска политика го спроведе проектот „Поддршка за унапредување на имплементацијата на медијацијата во Република Македонија“, чиј корисник е Министерството за правда. Проектот е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, во рамките на програмата МАТРА.Програмата за обуката беше презентирана во 9 сесии. Програмата ги содржеше следните генерални теми: Постапка замедијација – комуникациски вештини и целта на комуникацијата во медијацијата; Вештини кои треба да ги поседува медијаторот; Модели на медијација; Предности на медијацијата сокомедијатор и можни процедури; Категории на полномошници во постапката за медијација (адвокати, бранители и други предвидени лица) и нивната улога; Несоодветен начин на комуникација; Видови на поставување прашања во фазата на преговори; Начини на завршување на постапката за медијација; Видови спогодби и начинот на известување на надлежните органи коишто ги упатиле страните на медијација.