Радиодифузерите се должни да создаваат и емитуваат програми со уредени авторски права и сродни права – категоричен е Законот за радиодифузната дејност. Според овој закон, основен во уредувањето на дејноста на електронските медиуми, еден од принципите на кои се темелат радио и телевизиските
програми e почитување на авторското право и сродните права. Имајќи го предвид ова, радиодифузерите треба да имаат соодветни познавања од областа на авторското право и сродните права.